26 Април, 2024
0.0356

Да се укине Регулаторната комисија за енергетика, бара Левица

Објавено во: Економија 01 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за енергетика. 

Партијата реагира на поскапувањето на струјата, оценувајќи ја одлуката како ненародна. Eден од предлозите е укинување на Регулаторната комисија за енергетика и инкорпорирање на нејзините ингеренции во Министерството за економија.

Левица предлага и промена на начинот на функционирање на ЕСМ во однос на продажбата на вишоците, односно ЕСМ да го заштеди водниот потенцијал со целогодишен увоз на одредена количина на електрична енергија по економско прифатлива цена, додека во месеците кога енергијата е скапа да продава од заштедените акумулации, како и мораториум за вработување во овие енергетски компании.

Политичката партија обвини дека еден од главните виновници за поскапувањето на струјата се енергетските политики на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Изговорот на социјал-демократите дека плаќаме најниска цена за електрична енергија е дрско манипулирање кога над 400.000 жители живеат на работ на сиромаштија и сведочиме масовно иселување поради социјалната беда, корумпираноста и невработеноста! Потенцираме, генезата на сегашното поскапувањето на електричната енергија има своја историја и никако не е само поради причините кои ги наведе РКЕ, кои би предизвикале поскапување за нешто повеќе од 1.5%, а не повеќе од 7%“, велат од Левица.

Партијата ги повикува одговорните да го испитаат работењето на кадровските решенија на Анѓушев, со акцент на одговорниот на Операторот на електропреносниот систем при АД МЕПСО и неговото, како што велат, катастрофално менаџирање со водните ресурси во акумулациите – како и одговорните во ЕСМ задолжени за тендерите за ископ на руда, превоз и ремонти во компанијата.

Левица предлага и итна замена на овие кадри со лица со интегритет и стручност, како и нивна одговорност за штетата која ја предизвикале.

Цената на електричната енергија на сметките на домаќинствата ќе се зголеми за 7,42 проценти од септември годинава, потврди претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски откако ја донеле конечната одлука за поскапувањето. 

Реакција за поскапувањето имаше и од ВМРО-ДПМНЕ. 

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9