05 Мај, 2024
0.0264

„Цветчињата“ од Карпош и го честитаа роденденот на општината

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Улиците на Карпош, денеска беа преплавени од илјадници весели и насмеани лица.  Дечињата од десетте основни училишта и градинки во Карпош, облечени во прекрасни шарени костими со цветен аранжман, продефилираа низ Општината, со што на специфичен начин и го честитаа 37 роденден на локалната самоуправа. Колоната со младите ,,цветчиња’’ се разлеа по булеварот Партизански Одреди, низ улицата Манапо и се упати кон училишниот двор на ООУ ,,Лазо Трповски’’, симболизирајќи го духот на младоста, иднината и просперитетот на Општина Карпош. На цветното дефиле во разиграна атмосфера, младите карпошани заедно пееја, танцуваа и другаруваа на сцената. На оваа свечена манифестација присуствуваше градоначалникот Стевчо Јакимовски и општинските делегации од Нов Белград, Стари Град – Сараево, Травник и Сремски Карловци, кои се  збратимени општини со локалната самоуправа од Карпош. Во оваа пригода, првиот човек на Општината изјави дека се чувствува прекрасно, бидејќи се наоѓа помеѓу младите ведри лица. „Кога ве гледам заедно, навистина сум горд што сум градоначалник на Карпош. Оваа глетка ни дава уште поголем поттик да продолжиме во насоката во која се движиме. Да ги модернизираме училиштата и градинките, да организираме повеќе културни манифестации, да ги наградуваме талентираните ученици и спортисти и да им помогнеме на вашите родители. Вашата задача е да играте, пеете, да бидете среќни и да се смеете. За сé останато, ќе се погрижат вашите родители и Општината Карпош“,  посочи Јакимовски.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото