Црн петок: Во сообраќајка со моторите починаа две момчиња од струмичко
Објавено во: Македонија 25 Април, 2020
Две жртви од стравична сообраќајна несреќа која се случи вчера попладне околу 13.20 часот на автопатот Велес – Гевгелија на коловозната лента во правец од клучка „Смоквица“ кон клучка „Гевгелија“.
Од Министерството за внатрешни работи известија дека сообраќајката се случила помеѓу моторцикл „сузуки 600“ без регистарски ознаки управуван од А. Ѓ. (35) од село Робово-Струмица и моторцикл „сузуки 600 ГН-Р“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.Ј. (22) од село Добрејци-Струмица.
„Притоа констатирано е дека А.Ѓ со неговиот моторцикл слетал надвор од коловозната лента на десната страна, а другиот моторцикл управуван од Ј.Ј. слетал на крајната лева сообраќајна лента. Од страна на доктор од Итна медицинска помош излезено е на лице место и констатирана е смрт кај двајцата возачи. Увид на лице место извршиле дежурен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телата на двајцата возачи се пренесени во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција, стои во соопштението.