15 Мај, 2024
0.0261

Coincasa и @Home внесоа празнична магија во Интернатот „Гоце Делчев“

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Компаниите Coincasa и @Home им ја исполнија желбата на децата од социјално загрозени семејства кои престојуваат и учат во Интернатот „Гоце Делчев“ во село Љубанци. Со внесување на празничната магија и украсување на нивните простории со Новогодишни и Божиќни мотиви, компаниите успеаја да го донесат позитивниот дух на претстојните празници во училиштето. Coincasa2 „Благодарение на Coincasa и @Home, нашите ученици оваа година ќе ја почувствуваат убавината на празниците на посебен и поразличен начин. Компаниите успеаја да го претворат дневниот престој на Интернатот во топло катче, исполнето со прекрасни празнични декорации и уште поубава Божиќна елка, а веселата атмосферата што ја внесоа во нашето училиште ја зголеми веќе позитивната еуфорија. Секаква помош за нас е добредојдена, но ваквата донација ги надмина нашите очекувања и им овозможи на децата да уживаат во претстојните празници во амбиент исполнет со многу љубов и среќа“, изјави Силвана Терзиева, директорка на Интернатот „Гоце Делчев“. Coincasa3 Вработените од Coincasa и @Home, поминаа ден со учениците и заедно го декорираа дневниот престој, ја китеа елката и им подаруваа Новогодишни и Божиќни подароци. Coincasa „Како општествено одговорни компании, среќата и желбите на децата од овој Интернат се еден нашите приоритет. Им овозможивме соба со изглед на вистински дом уреден во духот на Новогодишните празници. Се надеваме дека нашиот скромен придонес ќе им донесе многу убави моменти во годината што следи, што впрочем е и целта и убавината на празниците, да се сподели радоста со оние на кои им е најпотребна, како и да се покаже грижата кон нив“, изјави Марина Димитровска, бренд менаџер на Coincasa и @Home. Coincasa5 Преку оваа донација, компаниите заокружуваат уште една година посветена кон грижа и заложби за општеството во кое функционираат.Во моментов во Интернатот се згрижени осум деца на возраст од шест до шеснаесет години. Сите тие потекнуваат од дисфункционални и социјално загрозени семејства, така што секој гест на грижа и внимание за нив предизвикува дополнителна мотивација за успешна социјална инклузија. Coincasa8 Coincasa6 Coincasa1

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти