04 Мај, 2024
0.0243

Coca-Cola HBC и Пивара Скопје го потврдија статусот светски лидери во одржлив развој

Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Пивара Скопје,заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата и оваа година го освоија првото место во светската индустрија за пијалаци, според остварените резултати во одржливиот развој и заштитата на животната средина.

Во годинешното глобално рангирање кое го спроведува „Дау Џонс индекси за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices - DJSI), групацијата Coca-Cola HBC повторно освои најмногу поени (90), што е дури 38 поени повеќе од просекот на останатите компании од светскатаиндустрија за пијалаци. Ваквиот резултат, четврта година последоватлено, им го донесе на Пивара Скопје и на останатите компании во состав на Coca-Cola HBC статусот - глобални лидериво одржливост, што претставува успех кој досега не го постигнала ниту еднадруга компанија или групација од светската индустрија за пијалаци.


„Да се биде дел од групација која четврти пат по ред е прогласена за глобален лидер според резултатите и заложбите за одржливост, е огромно признание за сите вработени во Пивара Скопје, како и за сите наши партнери, соработници, купувачи и потрошувачи на нашите производи. Сите тие имаат свој удел во остварувањето на нашиот досегашен успех на полето на одржливиот развој и заштитата на животната средина и затоа сите заедно треба да бидеме горди на него. Истовремено, лидерството во оваа област значи и дополнителен мотив и инспирација за сите нас во наредниот период да работиме уште посилно и подинамично во постигнување на долгорочните цели за одржливост со што дополнително ќе придонесеме за социо-економскот развој на целата заедница“, изјави генералниот директорнаПивараСкопје, ЈованРадосављевиќ.

Во текот на минатата година Пивара Скопје постигна високи резултати и во реализација на неколку дополнителни проекти, како што се: имплементирање современи методи во производството кои се во согласност со ново воведениот ИСО 50001 стандард, а кои се однесуваат на зголемување на топлинската ефикасност, понатамошно вградување на системи за рециклирање на водата која се користи во процесот на производството, како и редукција на тежината на пластичната (ПЕТ) амбалажа со што се намалува нејзиното влијание врз животната средина.

Дополнително, компаниите во состав на Coca-Cola HBC, меѓу кои и Пивара Скопје, во текот на минатата година инвестираа и вкупно 7,3 милиони евра во различни еколошки проекти, како што е чистењето на речните корита, понатаму во обуки за стекнување вештини кај младите со што се зголемува нивната конуректност на пазарот на труд, како и проекти за едукација на децата во областа на заштитата на здравјето и безбедноста во училишни средини и развојот на повиска свесност за потребата од селекција и рециклирање на отпадот.

Од конкретните резултати што компаниите во состав на Coca-Cola HBC групацијата упеаја да ги постигнат во текот на 2016-та година во доменотнаодржливиотразвој ги издвојуваме: остварено дополнително намалување за 6% најаглеродните емииси во атмосферата, што придонесе за вкупно намалување на ваквите емисии за 50% во последните шест години, потоа остварена дополнителна заштеда на вода од 3% годишно или вкупна заштеда од 30% во однос на 2010-та година, како и дополнителна заштеда на енергија од 5% годишно, со што во последните шест години остварено е вкупно намалување од 47% на енергијата што се користи во производство на пијалаци.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија