14 Мај, 2024
0.0242

CLICK договор за комплетна грижа за печатењето и менаџирањето со документи

Дуна Компјутери во соработка со технолошкиот гигант: “Октомври – месец на RICOH во Македонија”.

Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Click договор значи интегрирано, оптимизирано управување со сите операции, со контрола на трошоците и со подобрување на ефективноста и ефикасноста на вработените. Едноставно, со наем на врвна опрема и врвен софтвер, под еден договор, ги заборавате главоболките поврзани со печатењето и манаџирањето на документите во вашата компанија”, - вели Бојан Миноски, Комерцијален менаџер во Дуна.

Дуна компјутери, во соработка со светски познатиот RICOH, на македонскиот пазар воведе нов пакет на услуги, поврзани со менаџирањето на печетењето и управувањето со документи за компаниите. Пакетот на услуги, кој што ги следи последните светски трендови во оваа индустрија, содржи хардверски и софтверски решенија, комплетно насочени кон управувањето со печатењето, грижата за документите, а во насока на обезбедување на најниски отимални цени за печатењето, без дополнителни инвестиции, со бесплатен сервис и оджување и без скриени трошоци. Целиот овој пакет, на компаниите им е достапен преку таканаречен Click договор. Заедничките активности на Дуна со овој планетарен технолошки гигант, се најавуваат како серија на настани по заедничкото име “Октомври – месец на RICOH во Македонија”.

- Наспроти инвестирањето и распределувањето на значителни финансиски средства кои што бараат дополнително планирање и користење на капитални ресурси во делот на печетењето и на менаџирањето со документи, преку стратешкото партнерство со нашата компанија, Дуна на компаниите им нуди еден единствен Click договор, што значи интегрирано, оптимизирано управување со сите операции, со контрола на трошоците и со подобрување на ефективноста и ефикасноста на вработените. Едноставно кажано, со наем на врвна опрема и врвен софтвер, под еден договор, ги заборавате главоболките поврзани со печатењето и манаџирањето на документите во вашата компанија, - вели Бојан Миноски, Комерцијален менаџер во Дуна.

Придобивките од стратешкото партнерство со клиентите, во Дуна го образложуваат со неколку факти: обезбедено бесплатно одржување и сервис; гаранција до пет години; а, меѓу останатото, по завршувањето на договорот, уредите остануваат во соственост на корисникот. “Што се однесува до контролата на трошоците, корисникот на инвестира ништо, а се генерира една единствена фактура за наем како оперативен месечен надоместок, без камата во месечната рата, како и фиксна цена на трошок по копија во времетраењето на Click договорот и поевтина цена за една копија споредено со актуелните компаниски трошоци за оваа намена.“, наведува Миноски.

Во делот на уредите или хардверот, Дуна е долгогодишен регионален партнер на најиновативната светска компанија во печатарството, RICOH. Уредите на RICOH работат врз сосфтверскиот пакет - Процес за менаџирање на документи - Managed Document Services (MDS), кој што е комплексна симбиоза на два интегрирани дела: Процес на менаџирање на печатење и репродукција на документи -Managed Print Services (MPS)и Дигитална и физичка архива -Digital and Physical Archive. “Треба да имаме на ум дека за секој потрошен еден денар во креирањето на еден документ, има десет денари потрошени во процесот на менаџирање, како и околу 15% од годишните трошоци потребни за креирање, менаџирање и архивирање. Затоа, Процесот за менаџирање на документи (MDS) стана основна потреба и компетитивна предност на секоја современа компанија”, велат во Дуна.

Практично, со воедувањето на оваа оваа услуга и интегриањето во еден Click договор, Дунакако водечка и една од најиновативните компании во ИТ секторот на високите технологии и во регионални рамки, ги следи најновите светски трендови во ИТ индустријата, при што корисниците се охрабруваат за воведување на ваквите услуги, наместо да трошат средства во капитални трошоци, да инвестираат во оперативните трошоци, при што инвентарот се претвора во оперативен, месечен трошок.

Симулација на формирање на цена по една печатена копија со Click договорот на Дуна


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН