04 Мај, 2024
0.0290

ЦЈЗ ШТИП: Во домот за стари лица „Астреон“ има 10 позитивни на Ковид-19

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Седум штитеници на домот за стари лица „Астреон“ се позитивни на корона вирусот, а има тројца вработени кои исто така се регистрирани со Ковид-19, потврди за Фактор, директорката на Центарот за јавно здравје Штип, д-р. Марија Димитрова, која заедно со епидемилогот д-р. Светлана Живкова направиле увид во оваа установа.

- Центарот за јавно здравје Штип зема брисеви на овие веќе потврдени лица, заразени со корона вирусот по индикација. Оттаму имаат пратено дополнителни тестови за персоналот преку други пунктови. Тројца од вкупно десетте кои имаат Ковид-19 се хоспитализирани, а останатите веќе се изолирани и постојано им се следи здравствената состојба, односно им се мери температура и сатурација, појаснува за Фактор директорката на штипскиот Центар за јавно здравје, д-р. Димитрова.

Оние пациенти кои имаат потешка клиничка слика, односно покачена температура и пневмонија, веќе се префрлени во болниците во Штип и во Скопје.

Директорот пак на Клиничката болница-Штип, д-р. Ален Ѓеорѓијев, потврди дека од домот за стари лица “Астреон“, од вкупниот број на заболени кои се позитивни на вирусот Ковид 19, двајца  од нив имаат потреба од хоспитализација.

- Едниот пациент е на возраст од 76 години, а другиот на 84 годишна возраст. Едниот од нив е со потешка клиничка слика, поради што е потребна кислородна подршка. Нивната здравствен состојба зазега не укажува дека е потребно да бидат ставени на респираторен апарат, вели д-р Ѓеорѓијев.

Веднаш по направениот увид, од Центарот за јавно здравје-Штип, на управата на домот за стари лица „Астреон“ им се дадени мерки и понатамошни инструкции, односно според протоколите треба да се одржува социјалната дистанца, да се дезинфицира целиот простор, да се изолираат сите лица што се заразени, а укажано е и каква терапија да им се дава ако некои од нив покажат симптоми.

Инаку, засега ниту еден од вкупно 32 штитеници во оваа установа, немаат симптоми на Ковид-19, а според менаџментот на „Астреон“ нултиот преносител на заразата со коронавирусот била хигиеничарката, која пак се заразила од сопругот, надвор од установата.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави