17 Мај, 2024
0.0314

Чулев: Четири милиони евра дало МВР по тужби од свои вработени за две години

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, на денешната прес-конференција обелодени дека откако ги добил соодветните податоци од службите за фискалните импликации по буџетот на МВР утврдил дека низ 2018 и 2019 вкупно 4 милиони евра од ресорот се исплатени за судски постапки по тужби од вработени.

Станува збор за сума која им била исплатена како оштета на полициски службеници кои го тужеле МВР за неисплатени часови, за решенија за распоредувања и откази. 

- Одговорен за овој хаос е Оливер Спасовски. Илјадници професионалци се деградирани. Институција е заглавена во административни процедури наместо да се бори со криминалот. Апелирам до професионалците дека заврши времето на делење на решенија и откази по партиски притисок, рече Чулев.

Тој додаде дека неговиот претходник Спасовски во 12 часот на полноќ на 3 јануари делел решенија за распоредување и унапредување непосредно пред да замине.

- 1.750 решенија биле издадени во овој период. Комисијата што ја формирав констатирала дека повеќе од 100 решенија биле незаконски. Покрај тоа, користел наредба, а таа е за итни и неодложни работи во траење од 30 дена. Тоа е злоупотребено.Сега имаме сутуација на исто работно место да има двајца колеги со две решенија, односно немало упразнето место кое треба да се пополни, рече меѓудругото Чулев.

Непревземените службеници од УБК,  од која произлезе Агенцијата за национална безбедност, чиј број е повеќе од 130 лица, не се распоредени се уште на соодветни работни места. Примале плата од УБК како веќе непостоечки правен субјект, а сега се изготвени решенија за нивно распоредување во МВР, дополни Чулев..


Можеби ќе ве интересира

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок