17 Мај, 2024
0.0266

ЧУДО ОД АПАНАЖА: Ван Ромпуј ќе „лапне“ речиси 600.000 фунти како екс-претседател на Европскиот совет

Објавено во: Свет 02 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј ќе добие речиси 600.000 британски фунти за да не работи ништо. Според британските медиуми, 67-годишниот Ван Ромпуј ќе ги добие овие пари како „преоден надоместок“ или апанажа за следните три години по завршувањето на функцијата. Белгискиот политичар ќе добива по 133.723 фунти годишно, што се 55% од платата што ја добиваше до сега, а има право и на пензија во висина од 52.000 фунти. Истовремено, Ромпуј има право и на еднократна исплата од 21.000 фунти по заминувањето од високата функција што ја извршуваше. За време додека ја прима апанажата Ван Ромпуј не мора да извршува никаква работа, а приходите му подлежат на намалено оданочување што важи за Европската унија, наместо на високите белгиски даноци на приход. Него на функцијата од вчера го замени Доналд Туск, кој како нов претседател со Европскиот совет ќе добива повеќе од пет пати поголема плата од онаа што ја заработуваше до сега како полски премиер. Кетрин Ештон, која беше висока претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, исто така ќе добива апанажа од 133.723 фунти годишно, но таа нема право на европска пензија.  

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра