15 Мај, 2024
0.0242

ЧУДО: 91 годишна баба во 3 месеци, 2 пати доби на лото

Објавено во: Стил 09 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Да се освои премија на лото е вистинско чудо, а да се направи тоа два пати и тоа за кусо време, речиси е незамисливо. Сепак, Лена Итон (91) е Американката која успеа да ги негира сите закони на веројатност, а  во рок од три месеци два пати освои лото. Таа прво во август на лото освои 300 000 долари, а пред неколку дена на картичка гребка доби 99 999 долари.

Освојување на премија на која било лотарија или игра на среќа, претставува посебно доживување, а уште поголемо доживување е кога тоа некој ќе го направи два пати во рок од три месеци, особено лице кое има над 90 години. Тоа навистина е неверојатно, велат од лотаријата.

Лена Итон која има шест деца, 16 внучиња и 20 правнучиња, рече дека парите планира да ги потроши за реновирање на куќата и „да ги направи среќни“ своите блиски. Големо задоволство е кога можете да им помогнете на своите деца, рече среќната баба во изјавата за американските медиуми.