04 Мај, 2024
0.0230

Членството во ЕУ не е гаранција за конкурентско земјоделство

Објавено во: Агробизнис, Колумни 18 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Зачленувањето во Европска Унија предизвикува процес на динамични структурни промени забрзувани воглавно под влијание на Задничката аграрна политика на ЕУ. Се менуваат односите помеѓу растителното и сточарското производство, промени во производната структура на земјоделските производи во однос на секторската подршка. Заедно со позитивните тенденции, примената на Европската (заедничка) политика, предодредена за повисоко економско, технолошко и пазарно ниво на земјоделството, раѓа и многу проблеми. Овие проблеми релативно жестоко се одразија на некои земји примени во последните “квоти“ за прием. Така, се јавува незадоволство од опаѓање на конкурентноста на овошје  и зеленчук, овчарство, говедарство и др. Имено, кај овие производства во некои земји дошло до увозна зависност иако пред зачленувањето производите биле вишок и се извезувале. Во една земја до вакви проблеми дошло како резултат на примена на шемата за единствено плаќање по површини (СЕПП), при што некои сектори (гранки) се прогласени за “ранливи“. Затоа се очекува дека со новата зедничка аграрна политика положбата ќе се подобри, бидејќи од 2014-2020 год. покрај подршката на земјоделството по површини ќе се поврзува и со производството. Затоа е донесена регулатива бр.1307/2013 (на ЕС) според која: подршката да обезбеди (на соодветно ниво на производи) кај неповолни трендови регистрирани по Заедничката аграрна политика 2007-2013, за “ранливи“ сектори да има различни пристапи. Тоа пак налага продлабочена анализа на тековните структурни промени во соодветните сектори заради правилна и правична расподела на задолжителната подршка поврзана со обврската за одредено производство. Што претставува моделот СЕПП односно директна финансиска подршка на земјоделството во ЕУ или шема на единствено плаќање по површина? Системот е воведен по системот што сега се применува кај нас односно (по површина за одделни производства или култури и по грло добиток), со тоа што сега не е важно што (кои култури) произведува земјоделецот туку се подржува вкупната користена површина, што се однесува и на сточарските фарми. Еве на кои поважни производства и како негативно се одразил овој систем кај една земја член на ЕУ со релативно развиено земјоделство: Производство на зеленчук Во последните години прогресивно се намалувало вкупното производство. Површините под зеленчук исто така се намалиле, а дошло и до дефицит на домашната потреба од зеленчук. Нивото на просечните приноси на зеленчук значително се пониски од просечните приноси во ЕУ, што е резултат на користење на екстензивни технологии. Специјализацијата во производството на зеленчук опаднала и др. Овоштарско производство Површините кои се насадени со трајни овошни насади варирале по години. Се создава нова структура по видови овошни насади, за сметка на јаболки и круши, се шират насади со костилкови видови. Темпото на создавање на нови овошни градини не е во состојба да ги компензира површините кои се напуштаат или не се подржуваат со добра агротехника. Просечните приноси кај сите видови овошки се ниски, поради високото учество на овошни градини  со екстензивен тип на производство. Урнатите  хидросистеми ги доведува до голема зависност овошните видови од климатските фактори и до нестабилно производство. Производството во последните години не може да ги задоволи домашните потреби во поголем обем отколку пред членството во ЕУ. Се намалува бројот на овошни стопанства. Нивото на подршка по линијата на директни плаќања по единица површина не е сообразено со специфичностите во одгледувањето на овошните видови и не покажува осетно влијание. Нивото на здружување на земјоделските производители во секторот е особено ниско. Сточарство Тенденциите за пораст на просечната големина како и продлабочувањето на специјализација не води до подобрување на производните и економските резултати. Се намалува производството на кравје млеко. Нестабилни се по години просечните приноси на млеко. Неефективната работа кај вештачкото оплодување и ветеринарната профилакса се причини за отсуство на модерно говедарство со европски стандарди. Квалитетот на кравјото млеко не е задоволителен како во однос на европскиот просек, така и во однос барањата на преработувачите. Повисок пораст на цените на добиточната храна во однос на пораста на цената на млекото е една од причините за нерационалната исхрана на приплодните грла добиток. Нерационалната исхрана на кравите и зголемување на бројот на заболувања се причини за ниска продуктивност. Бројот на овците се намалил за 6,4%, а исто така се намалила и количината на годишната продукција на млеко како резултат не само намалување на бројот на приплодните (мајки) овци, туку и поради опаѓање на производството на млеко по грло. Намалувањето на бројот на овци се доведува во врска со миграцијата на селското население особено во припланинските села кои се поблиску до големите пасишни површини, потоа неповолни услови за работа во овчарството, нерентабилно производство поради релативно ниските цени на овчите производи, сезонски карактери на млекопроизводството  и сл. Козарството во годините по влез во ЕУ исто така бројно се намалува особено приплодните грла, а во врска со тоа се намалила и продукцијата на козје млеко. Проблемите во козарството се скоро исти како во овчарството, затоа се исти и негативните последици како во овчарството. Рефлексии врз доходот Како резултат на добиените финансиски средства (директните плаќања), просечниот нето доход на земјоделските стопанства на земјата бележи трајна тенденција на зголемување. Во исто време нето доходот на градинарските стопанства е со сериозна колебливост. Нестабилноста се поврзува со големата зависност од природно-климатските фактори, пазарната конкурентност и социјално-економските услови. Со најниска доходовност се земјоделските стопанства со трајни насади, како резултат на повеќе проблеми-лоша состојба на насадите и нивна амортизираност, низок степен на нови овошни комплекси, екстензивно производство и др. Овие проблеми заедно со високите вложувања на капитал и труд во овоштарството се причините за ниска продуктивност и низок доход во овој сектор. Нето доходот кај преживните животни во земјоделските стопанства е исто така незадоволителен и низок најмногу поради ниската просечна млечност, зголемените трошоци и ниските цени на млекото. Резултатот од анализата покажува дека по зачленувањето на земјата во ЕУ, доходите на земјоделските стопанства кај “ранливите“ сектори (производства) се многу пониски од просечниот доход на сите земјоделски стопанства во земјата. Проф. Др.Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?