ЧЛЕНСТВОТО ОДЛУЧИ: Оставката на Зијадин Села не е прифатена
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2020
Сопартијците не ја прифатија оставката на Зијадин Села.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села понуди оставка на седница на Централното собрание, но мнозинството не ја прифати.
За понудената оставка изјави дека тоа е морален чин по изборниот резултат, но одлуката е на највисокото раководството.
Централното собрание на партијата на седницата работеше по шест точки, но по барање на претседателот е ставена уште една точка која се однесуваше на неговата оставка. Од партијата се отстранети и претседателите на ограноците од Тетово и Долнени.