03 Мај, 2024
0.0274

Чии се четирите машини за кои РЕК Битола без тендер ќе плати до 3,2 милиони евра?

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Багер – гасеничар, камион – дампер, едно скипче и голем булдожер се четирите машини за кои РЕК Битола ќе плати до 3,2 милиони евра (без ДДВ). Нема тендер за закупот затоа што било крајна итност. Наемот важи една година. Четирите машини ќе ги обезбеди група од две битолски фирми. Носител на групата е битолската фирма „ЗИМАК ДООЕЛ“ која за цела 2019 година имала вкупни приходи кое се само 10 отсто од вредноста на договорите за закуп на четирите машини.

РЕК „Битола“, најголемиот производител на струја и подружница на ЕСМ (најголемиот државен производител на струја – поранешно ЕЛЕМ) во услови на крајна итност без без објава на тендер туку со преговарање закупи четири машини (багер гасеничар, скип, камион дампер и булдожер) од две битолски фирми и за тие четири машини ќе плати до 3,2 милиони евра за период од една година. Ова се официјални податоци достапни на сајтот на Бирото за јавни набавки кое дали мислење дека постојат услови за преговарање без објава на оглас т.е. тендер. ЕСМ и РЕК Битола барале и добиле позитивно мислење од Бирото за јавни набавки со образложение дека станува збор за крајна итност за наем на машини за ископ.

И тука да поставиме јавно едно прашање за Васко Ковачевски генералниот директор на ЕСМ: до каде е набавката на нова механизација за потребите на РЕК Битола, вредна 19 милиони евра, која лично Ковачевски во декември 2019 година спектакуларно ја најави од говорницата на прес центарот во Владата?

Еве го линкот

И сега по цела година од највата дека е распишан тендер за сопствена механизација ЕСМ т.е. РЕК Битола бара од Бирото за јавни набавки мислење за неопходност од закуп на машини за ископ и транспорт.

Инаку ова е втор тендер. Првиот што го распиша Васко Ковачевски своевремено како директор на РЕК Битола го поништи во април 2019 година зашто бил по стариот закон за јавни набавки кој не нудел квалитетни решенија.

Што закупи РЕК Битола за 3,2 милиони евра без ДДВ?

Еден хидрауличен багер-гасеничар со корпа од 2,2 кубни метри и снага на моторот од 150 киловати. Таа машина треба да биде расположива т.е. на готовност 24 часа, на период од една година и вредноста на договорот е до износ од 1,024 милиони евра без ДДВ.

Еден булдожер со снага на моторот од 300 киловати исто така на готовност 24 часа дневно во период од една година. Вредноста на овој закуп за една година е до износ од 1,7 милиони евра без ДДВ.

Еден камион дампер со носивост од 32 тони и максимална снага на моторот од 260 киловати. Неговиот закуп е до 406.500 евра за период од една година.

Еден скип со снага на моторот од најмалку 40 киловати. Закупот е една година, а цената е до 97.500 евра.

Договорите за закуп и Мислењето на Бирото за јавни набавки се достапни на сајтот на Бирото за јавни набавки и на агрегаторот time.mk

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години