Чесите за овие две професии нудат добри плати
Објавено во: Финансии 28 Август, 2017
На Чешка и се потребни 200.000 работници, а посебно се бараат ИТ стручњаци и луѓе кои би работеле во автомобилската индустрија.
Чешка има рекордно ниска невработеност, а работници ќе „увезува“ од Србија.
Од Стопанската комора на Чешка велат дека имаат работници од Украина, но со тоа проблемот не е решен и ќе ангажираат работници од земји кои се од блиско говорно подрачје.
Лани на 284 Срби им се издадени дозволи за долготраен престој во Чешка.
Другите во земјата престојувале врз основа на визите до 90 дена.
Чесите на странците им нудат добри плати.