Церар повика ЕУ да помогне на регионот и Македонија
Објавено во: Балкан 09 Март, 2017
Словенечкиот премиер, Миро Церар изјави дека неговата земја се залага вратите на Европската унија да останат отворени за земјите од Западен Балкан.
Спомнувајќи ја сложеноста на ситуацијата во Македонија, Церар ја повика Унијата да му помогне на регионот онолку колку што може.
„Словенија се залага европската перспектива на регионот да биде јасно изразена и поддржана со јасни идеи во комуникација со локалните лидери. Мораме да се фукусираме на тоа вратите на ЕУ да останат отворени, да остане европската перспектива за државите од Западен Балкан“ - вели Церар.
Бидејќи ние сме во близина на тој регион добро разбираме што се случува таму и предупредуваме за ситуација што е многу нестабилна, изјави Церар во Брисел.