18 Мај, 2024
0.0360

Центар се надева дека Врховен суд ќе и врати 1,6 милиони евра, ако не...

Објавено во: Економија 25 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Општина Центар бара ревизија од Врховниот суд на судската одлука која е во полза на градежната фирма „Пелагонија Гостивар“. Таа пред две недели ја блокираше сметката на оваа скопска општина и од неа симна 96 милиони денари (1,6 милиони евра), пари за кои судот пресудил дека се штета оти претходниот градоначалник Андреј Жерновски го раскинал договорот за изградба на катната гаража кај згадата на Нова Македонија со оваа фирма. Актулениот градоначалник Саша Богдановиќ за Фактор вели дека има забелешки на судскиот процес и затоа бара ревизија. Се надева дека Врховниот суд ќе донесе поинаква одлука и ќе им ги врати парите. Ако не, Богдановиќ ќе бара одговорност – ќе покрене истрага во која треба да се утврди како општината донела штетна одлука и кој точно е крив. Не го вперува прстот директно во Жерновски, зошто вели дека одлуките биле носени на Совет кој е колективно тело.

„Пресудата стаса пред два месеци и ние сега бевме блокирани. За среќа успеавме да се консолидираме и плативме 1,6 милиони евра и сега сметката е одблокирана. Од понеделник почнуваме со редовната работа, распишување на тендери и одвивање на тековните финансиски потреби. Ревизијата до Врховен ја бараме затоа што сметаме дека има пропусти во судската одлука. Во целата постапка треба да се утврди, да се преиспита кој е крив. Ако се докаже дека општината била во право, парите ќе треба да ни бидат вратени. Затоа ќе почекаме. Ако не, ќе почнеме истрага да се утврди одговорност, без оглед чија е. Такви истраги, процеси, ние имаме и за други случаи“, вели Саша Богдановиќ за Фактор.

Тој не посочува дека е директно крив Андреј Жерновски, кој во меѓувреме стана и заменик министер за надворешни работи. Богдановиќ вели дека сепак одлуката била донесена со гласање во Советот кој е колективно тело, а некои од проценките се правени во службите во самата општина.

Жерновски уште во кампањата, пред да стане градоначалник на општина Центар, тврдеше дека ќе ја стопира изградбата на катната гаража која ја почнал неговиот претходник Владимир Тодоровиќ. Со образложение дека со тие пари ќе се изгради едно училиште, Жерновски сега направи уште поголема штета за оваа општина. Брзиот трансфер кон повисоката позиција го направи Жерновски и помалку достапен за јавноста. Фактор безуспешно се обидува да го добие за да даде одговор на прашањето зошто и дали непромислено дал налог за раскинување на договорот со „Пелагонија Гостивар“, по што општинската каса барем засега остана попразна или испразенета за 1,6 милиони евра. Жерновски едостапен остана и вчера и денеска, кога веќе е соопштено дека тој е во САД, на покана на државниот секретар Мајкл Помпео, каде ќе учествува на министерска конференција за унапредување на верските слободи.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа