ЦЕЛА ЛИСТА: Ова се најризичните земји каде „царува“ коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Март, 2020
Здравствените власти ја објавија листата со земји од висок и среден ризик каде владее коронавирусот.
Кина, Италија, Иран, Јужна Кореја, Франција, Шпанија и Германија се земјите каде нивото на ризик е ставено на највисоко.
По нив, следат САД, Швајцарија, Јапонија, Холандија, Данска...кои се земји со средно ниво на ризик.
Кина како предводник на листата брои вкупно 80981 потврдени случаи на заболени од КОВИД-19. Во таа земја во последните 24 часа има пад на бројот на регистрирани случаи и тој изнесува само 26. Вкупно има 3171 смртни случаи додека само во последните 24 часа починале 11 лица.
Моментно, според оваа листа Македонија се наоѓа во земјите со ниско ниво на заразени од коронавирус со вкупно деветмина регистрирани, ниту еден нов, и ниту еден смртен случај.
Целата листа погледнете ја подолу: