17 Мај, 2024
0.0350

Цел свет им се радува на попустите на „Black Friday“: Како овој ден го доби името?

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Четвртиот четврток во ноември во САД се слави Денот на благодарноста, празник кој луѓето најчесто го поминуваат во кругот на семејстворо пред полни маси храна на кои посебно се истакнува голема кокошка.

Тоа е ден на кој секој Американец би требало да му се посвети на домот и своето семејство и би требало да биде влагодарен на тоа. Но, штом стрелките чукнат на полноќ, ширум земјата почнува вистинска лудница наречена „Црн петок“.

Со децении овој ден се смета како почеток на Божиќното купување во САД, а денот пригодно се обележува со огромни попусти, што привлекува голем број на луѓе. Можеби и преголем број имајќи предви дека тепачките и повредите станаа составен дел од овој луд ден. Дека во текот на Црн петок во САД е вистинска лудница, доказ е и „црната статистика“. Така од 2006 година животот го изгубиле 7 лицам додека 98 се повредени.

Интернетот е полн со снимки на туркања, но и понижувања кои луѓето се подготвени да ги поднесат само евтино да добијат некој телевизор или слично.

Како и голем дел други работи, остатокот од светот почна да го копира овој феномен, Црн петок така е достапен во секое катче на светот , но не е толку популарен како што тоа е случај во САД. Причините се многу помали намалувања отколку во САД.

Ниту Балканците, па ниту Македонците не се имуни на Црн петок па секако денес ќе прошетаме и погледнеме што нудат и по какви цени нашите трговци, па ќе ги сумираме и анализираме цените.

Значење на „Black Friday“

Иако на интернет може да се најдат тврдења дека Црн петок го добил името по денот на кој во минатото се продавале робови, тоа не е точно. Тој термин почнал да се користи речиси после едно столетие откако ропството е забрането во САД.

Најраното користење на терминот  „Black Friday“ е поврзано со појавата на недостиг на работници кои се јавувале како болни после Денот на благодарноста и тоа како би имале четири слободни дена. Тоа било околу 1950-тите.

Употребата на терминот е забележана во 1961 година, но не од трговци, туку од полицајци. Луѓето кои тргнале во купување би направиле големи гужви па полицијата би имала полни раце работа.

Постои и објаснување кое се поврзува со продавачите. Тој петок наводно бил ден кога продавачите конечно би почнале да прикажуваат добивка што во книговодствениот речник би значело дека од „црвено“ преминале во “црно“.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра