Добивај вести на Viber
Во обид да го зголеми малото присуство на кинескиот пазар, данскиот производител на пиво „Carlsberg“ купи осум фабрики за пиво од кинеската компанија „Chongqing Beer“.
Трансакцијата, со која „Carlsberg“ се стекна со мнозинска сопственост (60 проценти) на овие фабрики, е вредна 1,4 милијарди круни (околу 200 милиони евра), а капацитетот на овие фабрики изнесува 12 милиони хектолитри годишно, се вели во соопштението на данската компанија.
„Carlsberg“ со овој откуп се обидува да го интензивира растот на азискиот пазар, со цел да го компензира забавувањето на растот во западна Европа.
Продажбата на пивото „Carlsberg“ во Кина во третиот квартал е зголемена за 11 проценти на годишно ниво, но тоа на азискиот пазар се уште учествува само со 15 проценти во вкупната вредност од продажбата на овој производ.