19 Мај, 2024
0.0462

Бузаку со докази против Реџепи во Обвинителството, судот го „замрзна“

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Во Основното јавно обвинителство Скендер Бузаку денеска доставил докази кои, според него, покажуваат дека поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, сторил кривични дела перење пари и злоупотреба на службена положба и овластување. Според Бузаку, Реџепи преку приватна фирма противправно зел 700 илјади евра од Исламската верска заедница. 

„Пријавеното лице присвоило над 700.000 евра, пари уплатени за аџилак. До ОЈО доставив и други докази кои ја поткрепуваат кривичната пријава. По факура број 1459 исплатени се средства од 600.702 евра за такса за престој во Саудиска Арабија за 840 аџии, односно ИВЗ платила такса по 800 евра за лице преку посредник – приватна компанија. Според правилата и утврдената такса за престој од страна на Министерството за аџилак на Саудиска Арабија, таксата за престој е утврдена на 510 евра по човек, која ИВЗ требала да ја плати директно на сметката на Министерството. Со тоа што Реџепи исплатата ја извршил преку приватна компанија докажува дека целта била дел од парите да присвои“, нагласи Бузаку.

Бузаку очекува обвинителството да ги преземе сите потребни дејствија, а во меѓувреме најави дека ќе продолжи да објавува нови докази за извршени кривични дела од страна на Реџепи.

„Наводите дадени од страна на Сулејман Реџепи во кои се употребени лични навреди упатени до мене тврдејќи дека мојата изјава претставува рекет врз ИВЗ и до него, а со оглед на доставените докази кои ги покажувам денес пред пошироката јавност, јасно може да се заклучи дека единствен рекетар на ИВЗ е Сулејман Реџепи кој преку оваа фактура има присвоено парични средства“, вели Бузаку, кој се смета за легален пголавар на ИВЗ по судската одлука во април годинава.

Од друга страна, порталот МКД објави дека решението Бузаку да биде нов поглавар на ИВЗ не важи, бидејќи Апелацискиот суд го укинал и ја уважил жалбата на Реџепи. 

Од Граѓанскиот суд соопштиле дека жалбата второстепениот суд ја уважил и предметот е вратен на повторно одлучување.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места