БУТАРИС ЗА ИМЕТО: Луѓето сакаат да си најдат идентитет
Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2018
Луѓето сакаат да си најдат идентитет, со отстапки од двете страни, но и од опозицијата подготвени се за компромис, господинот Заев рече дека ќе го смени името на аеродромот, ќе ги смени таблите на улиците, изјави солунскиот градоначалник Јанис Бутарис за грчките медиуми.
Според него, прашањето за името излезе од колосек поради глупостите на политичарите.
„Поголем Македонец од мене не постои поради потеклото. Моето потекло и моето воспитување кажуваат сѐ“ - изјави градоначалникот на Солун во интервју за радио „Практорио фм“, на грчката новинска агенција.
Во однос на средбата и приватната вечера на дочекот на Нова година со македонскиот премиер Зоран Заев во Солун, Бутарис вели дека со соседите е потребно да постојат добри односи.
Јанис Бутарис и Зоран Заев, во саботата имаа заедничка, приватна вечера во познат солунски ресторан.