Бушати вели дека во Македонија не може да се владее без Албанците
Објавено во: Балкан 02 Март, 2017
Дитмир Бушати, шефот на албанската дипломатија на Твитер објави коментар во кој вели дека само луѓе исплашени од вистинските вредности може да помислат дека со Македонија може да се владее без учество на Албанците.
„Ние постојано го поттикнувавме албанскиот фактор, без разлика каде е, вклучително и во Македонија, да игра конструктивна улога и активно да учествува во демократските процеси и своите проблеми да ги решава институционално. Тие што мислат дека со Македонија може да се владее без Албанците, се исплашени од социјалната еднаквост и од европските вредности и принципи“ - пишува Бушати.
За најновите случувања во Македонија се огласија политичари од Албанија и Косово.
Реакции имаше и од ЕУ, САД и Русија.