19 Мај, 2024
0.0284

БУМ ВО НЛБ: Како Аргир прикажа феноменален износ на добивка?

Објавено во: Финансии 10 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

НЛБ Тутунска банка, една од трите најголеми деловни банки, има феномален износ на добивка за три месеци! На крај на првиот квартал, во услови на ниски каматни стапки, банката остварила добивка од 6 милиони евра односно 361,69 милиони денари. Просечно месечно банката, во овој период, има нето добивка од 2 милиони евра. Билансот на успех покажува дека приходите од камати изнесуваат 882,98 милиони денари за три месеци што е речиси 50 милиони денари повеќе од истиот период лани. Расходите за камати во истиот период се 205 милиони денари и се за 55 милиони денари пониски од истите во првото тромесечје лани. Нето приходот од камати на банката во овој квартал е 11 милиони евра (677,89 милиони денари) и тоа е за 104 милиони денари повеќе од нето приходите од камати остварени во истиот период лани. Само за споредба со билансот на „Комерцијална банка“: кај НЛБ Тутунска банка нето приходот од камати е 76,8 отсто од целиот приход од камати, а кај „Комерцијална банка“ нето приходот е 84,5 отсто од целиот приход од камати. Сепак кај двете банки има различни тенденции и тоа кај НЛБ приходите од камати растат во однос на лани, а кај „Комерцијална банка“ тие се пониски за 26 милиони денари во споредба со реализацијата од првиот квартал лани. Кај втората по големи приходна ставка т.е. провизиите и надоместоците НЛБ остварила нето приход од 231,78 милиони денари и тоа е 9 милиони денари повеќе од истиот период лани. По овој параметар НЛБ била поуспешна од „Комерцијална банка“ која има нето приходи од провизии и надоместоци во износ од 210,7 милиони денари за првите три месеци годинава и тие бележат пад во однос на истиот период во 2015 година. На расходната страна на билансот најголем ставка е трошокот за вработените во НЛБ. Тој изнесува 186,8 милиони денари. За резервации на пласмани во овој период банката издвоила 111,3 милиони денари и во споредба со истиот период лани тоа е намалување на 82 милиони денари односно за солидни 42,5 отсто. Тука е клучната разлика во споредбата меѓу НЛБ и Комерцијална банка, а која е во корист на НЛБ како што може да се види и од податоците за добивките на двете банки. Наспрема 111,3 милиони денари резервации на НЛБ стојат 394,4 милиони денари резервации на „Комерцијална банка“ која пак во споредба со истиот период лани сега има фантастично подобрување. Од билансите на овие две банки логичен заклучок е дека овој период за нив не само што бил стабилен туку бил и многу просперитетен, што од друга страна создава дилема за реалните и за „спинуваните“ димензии на политичката криза во нашата земја и за нејзините влијанија врз бизнисот и конкретно врз банките. НЛБ Тутунска банка првите три месеци годинава ги заврши со нето добивка од 361,69 милиони денари и тоа преставува раст на добивката во однос на истиот период лани од 131 милион денари односно 56,8 отсто. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат