27 Април, 2024
0.0289

Бујар Османи: Операцијата „Метла“ е дегутантна

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, најавената реконструкција на владиниот врв и кадрови промени во државната управа ја оцени како дегутантна и како политичко шоу во емисијата „Агенда 35“, синоќа на МРТ.

- Оваа операција е дегутантна. Персоналните решенија не се суштински, туку резултатите. На крајот се гледа какво е манаџирањето на самата Влада, а не на некој индивидуалец. Се наликува на политичко шоу. Се знае дека треба да има промени онаму каде што ќе се насочи фокусот на самата Влада. Ако сега фокусот е на економијата, треба таму да се очекуваат. Со „метла“ се чисти нечистото, а не може да се етикетира некого со тоа. Мора да се почитуваат соработниците. Патем, оваа Влада направи нешта што никоја друга не успеа повеќе од 20 години, гласи ставот на Османи за најавената „метла“.

За Датумот за преговори кој Македонија го очекува во периодот јуни/јули вели дека најтешко му е тоа што нештата не зависат од нас, туку од внатрешните односи на ЕУ.

- Да беше многу поодамна, нештата ќе зависеа само од нас. Тогаш имаше само објективна проценка. Така сега ќе се гордеевме. Во овој период дисторзија прават и самите европски избори и процесот Брегзит кој е многу комплициран. Точно е тоа дека контекстот во самите земји-членки ќе влијае како ќе се движиме ние. Во периодот јуни/јули ќе има три самити и очекуваме да добиеме покана за отпочнување на поглавјата на еден од нив, вели Османи.

Смета дека не е задолжително Датумот за преговори да и биде доделен на Македонија во еден пакет со Албанија.

- Со Солунскиот самит беше воспоставен принципот дека секоја земја „се движи“ сама, но со тек на време се формираа и пакетите. Ние загубивме цела една генерација во прогресот, но и натаму проценката е индивидуана и не мора да биде во пакет. Сепак има различна перцепција за Северна Македонија и за Албанија, тврди вицепремиерот.

Според него, Македонија има успешна приказна пред Европа со тоа што оди во контра правец на регионалните и глобални текови на политички национализам и популизам. Две третини од поглавјата на скринингот се поминати, а според Османи, административно-политички Македонија е подготвена затоа што има 15-годишно искуство од чекање на Датумот за преговори. Илјадници административци биле за скринингот во Брисел, а тој очекува и помош од академскиот и граѓанскиот сектор, како и од регионот во преговорите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“