Бугарски клуб ќе се отвори и во Куманово
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2023 17:06
Уште еден бугарски клуб ќе се отвори во Македонија и тоа во Куманово.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски не е запознаен дека Фондацијата „Македонија“ ќе формира клуб во градот. Димитриевски вели, ако има провокации здружението нема да биде толерирано.
„Куманово е мултикултурен град. Сите здруженија кои работат во интерес на граѓаните и на градот и на државата се добредојдени. Доколку се работи за евентуални здруженија кои имаат за цел да генерираат нетрпение кај граѓаните, нетолеранција и првенствено да се занимаваат со негации на македонската нација, јазик, историја и етнос, ние како град сме затворени за таквите и нема да ги толерираме“, вели градоначалникот Максим Димитриевски во изјава за Сител.
Клубови веќе има во Охрид и Битола.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски вчера побара на неколку бугарски граѓани, меѓу кои е и европратеникот Ангел Џамбаски да им се забрани влез во Македонија.Но, Џамбаски вели дека дури и ако му забранат влез, Македонија била бугарска.
Можеби ќе ве интересира
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено




