14 Декември, 2025
0.3846

Да му се забрани влез на Ангел Џамбаски, бара Пендаровски

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2023 18:10

Добивај вести на Viber

Шефот на државата, Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно денеска побара да му се забрани влез на  бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Пендаровски не го именуваше, но рече дека се работи за „европратеник од Бугарија“.

„Мој предлог до Владата кој го изнесов и на седницата е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во нашата држава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот Парламент и на неколку други лица, државјани на Република Бугарија заради дејствијата кои порано ги преземале и сѐ уште ги преземаат против нашата држава. Законските услови за изрекување на таква мерка постоеле и порано и сѐ уште постојат. Тоа се трите, според законот ги цитирам, закана за јавниот поредок, закана за националната безбедност и закана за меѓународните односи на Република С. Македонија“, изјави Пендаровски.

И министерот за надворешни работи, Бујар Османи нагласи дека веќе нема да толерираат лица кои ги навредуваат Македонците. 

Инаку, Џамбаски неодамна беше во Македонија и од центарот на Скопје порача дека Македонија е бугарска. Тој дојде во земјава по повод чествувањето на ликот и делото на херојот Мара Бунева. Потоа на Фејсбук се пофали за неговата борба со македонизмот. Инаку, за роденденот на херојот Гоце Делчев на почетокот на февруари, најавено е дека ќе дојдат граѓани од соседна Бугарија да оддадат почит. 

Џамбаски од поодамна е актуелен со навредите кон Македонија, Македонците и македонските политичари. 

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина