18 Мај, 2024
0.0314

Бугарите и Романците и носат заработувачка на Шведска

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Отворајќи ги вратите за Бугарите и Романците, Шведска има остварено голема заработка, покажува една нова студија изработена на шведската Висока трговска школа во Гетеборг.

Напоредно со приемот на Романија и Бугарија во Европската унија во 2007 година, девет членки на Унијата, меѓу кои Велика Британија, Германија и Франција, веднаш воведоа рестрикции за бугарските и романските граѓани во првите седум години од членството на овие две земји. Тоа особено важеше за нивното право на работа и на бенефиции од социјалните и здравствени системи.

Сепак  Шведска и Финска пред седум години не ги воведоа споменатите рестриктивни мерки.

Според истражувањата , стравувањата во однос на големата закана од можни бранови на сиромашни имигранти од новите членки на ЕУ мошне малку нашле оправдување во фактичките состојби во реалноста.

- Просечниот Бугарин или Романец, кој дошол во Шведска во периодот од 2007 до 2011 година, всушност претставувал нето-добивка од 30.000 круни (преку 3.400 евра) за шведската државна каса, вели Јоаким Руист, доктор по политичка економија при Високата трговска школа во Гетеборг за весникот „Гетеборг-постен“.

Во својата дисертација презентирана неодамна, Јоаким Руист ги компарирал уплатуваните даноци, ДДВ и такси за општествени услуги од страна на новодојдените бугарски и романски граѓани во Шведска, наспроти исплатуваните средства што споменатите новодојдени имигранти ги добивале во вид на разновидни социјални бенефиции.

Станува збор за околу 10.000 лица на шведскиот пазар на труд, за кои во четиригодишниот период 2007-2011 година, за секој од нив одделно е пресметана просечна добивка од 30.000 шведски круни, а не загуба, во смисла на стравот од злоупотреба на општествениот систем на социјални бенефиции од страна сиромашни ЕУ-мигранти.

- Не е, на пример, игра на случај што доаѓаат полски или романски столари кога има дефицит на столари во Шведска, вели Руист.

На Јоаким Руист деновиве му беше доделена наградата „Мирдал“ за неговиот напис „Подвижноста на источните Европејци е исплатлива за побогатите ЕУ-членки“, кој беше прогласен за најдобра анализа во изминатитата година во списанието „Економска дебата“ на шведското Здружение за политичка економија.

Повеќе нови студии покажуваат дека слободното движење во рамки на ЕУ, без никакви рестрикции, придонесува со позитивен ефект и во Велика Британија.

Мнозинството нови мигранти од источно-европските земји се млади и желни за работа и плаќаат многу повеќе данок, отколку што добиваат надоместоци од британскиот систем на социјални бенефиции.

И во Романија се одвива дебата околу негативните страни поврзани со слободното движење на работната сила, но притоа најмногу се дискутира околу лицата со високо образование.

Откако Романија стана полноправна членка на ЕУ во 2007 година, 14.000 романски лекари се иселиле во странство, како и повеќе илјади информатичари.

Причината за тоа е дека тие добиваат околу десет пати поголема плата во западно-европските богати членки на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?