Бугарија треба да прифати 1.200 мигранти
Објавено во: Балкан 05 Мај, 2016
Според квота системот Бугарија треба да прифати 1.200 мигранти.
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов сепак истакна дека бегалците сакаат да одат во Австрија или други земји, тие не сакаат да останат во Бугарија. Борисов истакна дека солидарноста не може да биде еднонасочена.
„Дали се 1.200 или дури 2.000, ние се обврзавме да ги прифатиме“ - рече Борисов.
Во врска со стравувањата на Бугарија дека ќе стане голем транзитен правец за мигрантите откако беше затворена маршрутата низ Западен Балкан, премиерот рече дека во оваа фаза нема индикации за зголемување на миграционите притисоци. Борисов истакна дека Бугарија ги чува многу добро границите на Шенген зоната, иако не е прифатена во неа, и изрази жалење што земјата уште е надвор од Шенген.