18 Мај, 2024
0.0303

БУГАРИЈА ПОДАВА РАКА: ќе стане ли железничкото поврзување реалност?!

Објавено во: Балкан 30 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Бугарија е посветена на градењето на железничкaтa рута до границата со Република Македонија . Ова стана јасно по средбата на заменик- министерот за транспорт, информатичка технологија и комуникации Петар Киров , и македонската колешка, државниот секретар во министертсвото за транспорт и врски Елена Кузмановска и Александра Грание , директор во Генералниот директорат за проширување на Европската комисија во Брисел . Благодарение на изразената принципиелна позиција и поддршка, македонската страна ќе може да искористи од финансиите за претпристапните програми , соопштуваат од прес-центарот на министерството. Предвидено е модернизација на двете главни линии Софија - Перник - Радомир и Радомир - Ѓуешево, кои во моментов се во фаза подготвени физибилити студии. Од станицата во Ѓуешево до границата со Македонија недостасува делот од 2,5 километри, изградба која ќе се исполни со сопствени средства и ќе зависи од текот на градежните работи на македонска територија. Заменик министер Киров изјави дека активностите на бугарска територија ќе стартуваат паралелно со изградбата на делницата Крива Паланка - граница, кој треба да биде завршен до 2022 - 2023 година. "Во програмскиот период 2014 - 2020 година ќе се изврши подготовка и дизајнирање на делницата Радомир - Ѓуешево од бугарска страна", додаде тој. Според него во оперативен поредок ќе се следи напредокот на македонска територија. При напредувањето на спроведувањето бугарската страна ќе бара можност за започнување на активности пред 2020 година, преку финансирање од Механизмот за поврзување на Европа. Изградба на железничката врска меѓу Бугарија и Македонија е од исклучително значење за економскиот развој на земјите, категорични се и двете страни. Според Киров треба да се применува координиран приод при спроведувањето на проектот, да се брани заеднички став пред европските институции и да продолжи редовна размена на информации за планираните и тековните активности. Изградбата на оваа пруга може да влезе во балканската историја. И Бугарија и Македонија никако да го направат децениското поврзување. Во Македонија градбата стратуваше во 1994 година, но до ден денес и покрај најавите нема реализација. Градбите стартуваа па продолжуваа, средства имаше речиси во сите годишни буџети, но не доволно. Стопирањето на градбата предизвика и штети за државниот буџет. Во 2012 година Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој дозволи да и се доделат средства на Македонија во износ од 46.4 милиони евра за започнување на градежните работи за делницата од Куманово до Бељаковце. На 20.12.2013 година склучен е Договор меѓу ЈП „МЖ Инфратрсуктура“ – Скопје и германската фирма “WIEBE“ за изведување на градбата. Активностите на терен се стартувани е се очекува до 2016 година да биде завршена. Градежната компанија „WIEBE” ја гради првата делница од Куманово до Бељаковце долга 31 километри. За делницата од Бељаковце до Крива Паланка потребни се 147, 5 милиони евра. Делницата од Крива Паланка до Деве Баир на бугарската граница е долга 23 километри, воедно тоа е најтешкиот и најскапиот дел од овој проект. Според проекциите овој дел ќе чини 340 милиони евра. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?