Бугарија одобри изградба на Турски тек
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2019
Бугарската компанија „Булгартрансгас” донесе конечна одлука да известира во Турски тек.
Со ова рускиот гас ќе биде транспортиран од бугарската граница со Турција до Србија, објави Ројтерс.
„Булгартрансгас” ја донесе оваа одлука откако собра понуди од три компании меѓу кои е и Гаспром, за проширување на бугарскиот систем на транзит гасот.
„Имаме многу добри вести. Економски тест за проект проширувањето на гасната мрежа успешно е завршен“, изјави во бугарскиот Парламент, Теменушка Петкова, министерка за енергетика.
„Си Њуз” известува дека денес „Булгартрансгас” успешно го завршил тестот за третата фаза од економскиот тест за проект вреден 1,4 милијарди евра за продолжување на гасната мрежа од Турција до Србија.
Неодамна српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека Турски тек ќе продолжи да се гради низ Србија.
Во Давос кажа дека со Русија се договориле за цената. 1,4 милијарди долари ќе вложи Русија, а Вучиќ рече дека цената за Србија ќе биде многу добра.
„Имаме добра цена за тој гас. Квалитетот на гасот е исто така добар. Соработката со Гаспром е исто така добра“, рече српскиот претседател.
Шефот рускиот Гаспром, Алексеј Милер потврди дека продолжетокот на гасоводот низ Србија ќе биде готов до крајот на 2019 година.