15 Мај, 2024
0.0320

БУГАРИЈА И УНГАРИЈА СЕ ОБИДУВААТ ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ОД ИМЕТО БАЛКАН: Рама дирктно кон Вархеји

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Албанскиот премиер Еди Рама на средбата во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, по обраќањето на еврокомесарот за надворешна политика и добрососедство Оливер Вархеји, изјави дека постои воздржаност кај некои канцелари по прашањето за интеграцијата во ЕУ, како и дека Бугарија и Унгарија се обидуваат да се ослободат од името Балкан. 

-Ви благодарам многу, комесаре Вархеји. Не знам дали разбирате, но, ја допревте слабата точка на сите, велејќи дека; „Јас сум од Балканот, иако сум од Унгарија“. Балканот ги вклучува сите, Грција, Унгарија, Хрватска, па дури и Турција. Не знам зошто Бугарија и Унгарија, како да не сакаат да се приклучат сега. Всушност, сите овие земји, овие луѓе, се обидуваат да се ослободат од името Балкан кој мислиме дека сега станува се попривлечен. Свесни сме за еден вид двоумење кај некои канцелари, но сепак имајќи ја целосната поддршка од американската администрација, некои членки на ЕУ, Франција, Холандија и вашата целосна поддршка во Брисел, нагласуваме дека ваша работа е да покажете што оваа иницијатива значи за интеграцијата, рече Рама. 

Додаде дека иницијативата е отворена за сите шест членови на западната заедница и дека на нив останува да одлучат дали ќе станат дел од неа. 

-Ние сме тука. Ќе продолжиме да одиме напред. Не можеме да останеме на место. Нема да се криеме. Оние кои сакаат Берлинскиот процес да оди напред мора да бидат дел од Отворениот Балкан. Отворен Балкан е за работа. Договорите што денеска ги потпишуваме говорат сами за себе, истакна Рама.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“