02 Мај, 2024
0.0293

Бугарија доби зголемен кредитен рејтинг со засилената надворешна позиција

Објавено во: Економија 02 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Добра вест за бугарската економија откако напредокот е регистриран и признаен и од страна од меѓународната бонитетна агенција „Стандард енд Пурс“ која го зголеми кредитниот рејтинг. 

Како што соопшти бугарското Министерство за финансии тоа е показател за „зајакнатата надворешна позиција на земјата, поттикната од континуираното зголемување на извозот и на заштедите“.

Според „Стандард и Пурс“, драстично се намалени ризиците поврзани со значителна и ненадејна промена на финансиските текови што доаѓаат од странство, а особено од странските директни инвестиции.

Меѓу факторите кои би придонеле за зголемување на кредитниот рејтинг на Бугарија во следните 24 месеци агенцијата ги посочува забрзувањето на економскиот раст, постојаното намалување на ризичните кредити и зголемувањето на довербата во монетарната политика.

„Стандард енд Пурс“ наведува дека за евентуално намалување на бугарскиот кредитен рејтинг во следниот период би влијаеле можните притисоци врз платниот биланс на земјата, пониските перспективи на економскиот раст и влошувањето на состојбата на јавните финансии.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?