19 Мај, 2024
0.0250

Буџет: За студентски домови 1,6 милиони евра, за спортски објекти 7 милиони евра

Објавено во: Економија 28 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Следната година владата планира да потроши 1,6 милиони евра за реконструкција и изградба на студентски домви, и 34.000 евра за реконструкција на ученички домови, ова е напишано во предог Буџетот за 2016 година. За разлика од студентските домови, за кои студентите изминативе години постојано алармираат дека се во катастрофална состојба, а пред извесно време се сруши и кров, владата многу повеќе пари планира да вложи во спортски објекти, односно 7,1 милиони евра и уште 5,6 милиони евра во спортски сали во основните и средните училиштата. А дури 3,3 милиони евра се планирани  за проектот опремување на лаборатории. Основни училишта Во изградба на основни училишта се планирани да се вложат 2 милиони евра, и уште 414.000 евра за нивна реконструкција. Не запаира ниту изгрдбата на спортските сали. За следната година планирани се 4,5 милиони евра за изградба на спортски сали во основни училишта, при што 2,5 милиони евра се пари од буџетот, а останатите се пари од заеми. При тоа и во 2017 и во 2018 се планирани пари за оваа намена. Па така за тие две години 21 милиони евра, од кои 18 милиони евра се заеми, а само 3 милиони евра се од буџетот на државата. Средни училишта За изградба на средни училишта за следната година  планирани се 570.000 евра во буџетот на државата, и уште 406.000 евра се планирани за реконструкција на средни училишта. И тука ќе се градат спортски сали. Па за таа намена планирани се 1,1 милиони евра.Овие пари се за изградба на спортски сали во средни училишта, при што 1 милион евра од тие пари се од заеми. За реконструкција на детски градинки се планирани, 512.000 евра, а 187.000 евра за изградба и опремување на центрите за социјална заштита. Догодина планирани се 490.000 евра за преведување на стручна литература и уште 1,2 милиони евра за преведување на книги од реномирани автори. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа