19 Мај, 2024
0.0256

Буџет: Колку пари има за гасификација, жичара, железница?

Објавено во: Економија 28 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Во Буџетот за следната година Владата предвидела 7 милиони евра за гасификација, од кои 5 милиони евра се од буџетот на државата, а два милиони евра се заеми. При тоа пари за оваа намена за следните две години , односно за 2017 и 2018 година не се планирани од буџетот туку само од заеми. „Опфатени се активности за изработка на физибилити студија за гасоводен систем на Република Македонија со идеен проект и изработка на основен и изведбен проект за приоритетна делница за магистрален гасовод за утврдените делници, како и за изградба на Национален гасоводен систем во Република Македонија, стои во предлог буџетот. Железничката инфраструктура ќе се гради со заеми Предвидени се 36 милиони евра за инвестиции во железничата инфраструктура, но 27,7 милиони евра се од заеми, а само 8 милиони евра од буџетот на државата „Со планираните инвестиции во железничката инфраструктура опфатено е редовното и тековното одржување во постојната железничка инфраструктура, реализација на проектот - Подобрување на железничката пруга Коридор 10, Рехабилитација на железничката пруга Куманово - Бељаковце, како и надоместување на услугите од јавниот интерес во железничкиот превоз на патници, се наведува во предог Буџетот за следната година. И во 2017 и во 2018 година, повторно се планирани по осум милиони евра од буџетите за инвестиции од железницата или вкупно 18 милиони евра од буџетот, а за тие две години планирани се заеми од 78,5 милиони евра. Не запира финансирањето на хидросистемот Злетовица Во предлог буџетот предвидени се 1,3 милиони евра за хидросистемот Злетовица, од кои 1 милион евра се заеми, а 340 милиони евра се од буџетот. При тоа финансирањето на Хидросистемот злетовица не завршува ниту следните две години, па така пари за оваа намена има и во буџетите за 2017 и 2018 година. Односно планирани се вкупни 13 милиони евра во тие две години, од кои заеми се 12,4 милиони евра, а останати 600.000 евра се од буџетите за 2017 и 2018 година. „Основна и приоритетна намена на ХС Злетовица е долгорочно решавање на проблемот со водоснабдување на 100.000 жители во североисточниот дел на Македонија (прва фаза), а додека со останатите фази ќе се реши и проблемот со наводнување (Втора фаза) и производството на електрична енергија (Трета фаза). Со реализација на фаза 1-Водоснабдување ќе се реши проблемот со водоснабдување преку целосна изградба на филтер станици во сите општини опфатени со Проектот Злетовица. Основната цел на фаза 2 е да се обезбеди наводнување во атарот на општините Пробиштип и Кратово. Реализацијата на фаза 3 - Производство на електрична енергија која опфаќа изградба на мали хидроцентрали по течението на реката Злетовица, ќе придонесе за намалување на недостатокот од електрична енергија во Република Македонија, безбедно, сигурно и квалитетно снабдување на потрошувачите на енергија, зголемување на енергетската ефикасност како и создавање на можности за нови вработувања во регионот, стои во предлог Буџетот за 2016 година. Јужна долина на Вардар За проектот Јужна долина на река Вардар  предвидени се 4,9 милиони евра, но 4 милиони евра се од заеми, а само 900.000 евра се од буџетот на државата. „Првата фаза од проектот заврши во текот на 2011 година. Втората фаза на овој проект ќе се финансира со заем од KfW и ќе опфаќа рехабилитација и модернизација на системите за наводнување, како и проширување на постоечките и нови системи за наводнување и тоа: 1.Миравци, 2. Негорци/Прдејци, 3.Гевгелија, 4.Грчиште, 5.Паљурци, 6.Кованци и 7.Валандово, стои во предлог Буџетот за следната година. И во 2017 и 2018 година државата планира да одвојува по 900.000 евра годишно од буџетот за оваа намена, а дополнително за наведените две години планира да земе вкупно уште 4 милиони евра заеми. Потоа предвидеи се 500.000 евра за хидросистемот Лисиче за следната година, а по толку пари има предвидени и за 2017 и 2018 година. Потоа 1 милион евра за изградба на водовод за дел од населени места во општина Сопиште – регинален водовод Патишка река, 162.000 евра за водовод и канализација во Визбегово. Предвидени се и 1,9 милиони евра за водовод и канализација за општините, но 1,7 милиони евра се од донации и заеми, а само околу 250.000 евра од буџетот на државата „Проектот ќе се финансира како кредитно задолжување на Република Македонија од Германската банка за развој - KfW и со истиот е опфатено подобрување на водоснабдувањето во осум општини во Република Македонија, фаза 1 и тоа Тетово, Гостивар, Кочани, Радовиш, Кавадарци, Битола, Гевгелија и Неготино. Уште 7,1 милиони евра за водоснабдување и одведување на отпадни води, но 5,5 милиони евра се од заеми, а останатите 1,6 милиони евра се од буџетот на државата  „Оваа потпрограма опфаќа изградба и реконструција на водоснабдителни и канализациони системи во Република Македонија, финансирани со заем од Европска Инвестициона Банка (ЕИБ). Дополнителни пари за жичарата на Водно Во предлог буџетот предвидени се 490.000 евра за жичарата „Од Средно Водно - Институт за белодробни заболувања и Секција 3: Институт за белодробни заболувања - Црква Св. Јован, се појаснува во предлог Буџетот. А за жичарата се планирани уште 7 милиони евра во 2017 и 2018 година.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа