18 Мај, 2024
0.0338

БУЏЕТ 2016: Власта ја покани опозицијата на роуд-шоу!

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Жестока собраниска дебата за новиот Буџет 2016 година. Опозицијата бара одговори за што и кои проекти се задолжува владата. Дел од пратениците во фокусот ги ставија странските директни инвестиции и побараа одговор колку пари чини едно работно место во новите фабрики. Креаторот на Буџетот, министерот за финансии го праша СДСМ, каде беше Македонија во време на нивниот мандат во рангирањата на Светска Банка и Форбс  за реформи и за бизнис клима. Има ли одговор: Колку чини едно работно место во ТИРЗ? По три буџетски години пауза, Буџетот за 2016 година сега се дебатира и ќе се усвојува во присуство на опозициската СДСМ.  Како и за што ќе се трошат рекордните 3,2 милијарди евра – ова беше клучно прашање на кое опозиционерите бараа одговор. Во фокусот на дебатата и странските директни инвестиции и ефектите од нив. Според пратеникот Миле Андонов, резултатите од странските инвестиции не се релевантни бидејќи Владата не соопштува колку пари досега се потрошени и дадени на странските инвеститори. “Годинава пишува дека од Буџетот планирате да дадете 9 милиони евра за изградба на слободните економски зони. Државната помош што ја давате никаде ја нема. Вие како прв финансиер во Владата мора да знаете колку ве чини едно , како што велите, новоотворено работно место во ТИРЗ. Зборуваме за Буџетот и нас еве не интересира колку граѓаните ги чини едно работно место. Мислам дека бројките ќе бидат фрапантни и застрашувачки, можеби и ќе дојде до 30 илјади евра за едно отворено работно место и треба да ни одговорите за да не шпекулираме “,  изјави пратеникот од СДСМ Миле Андонов. bunardzik-sdj-1 Возврати министерот за финансии Ставрески со аргумент дека во мандатот на СДСМ не само што немало странски инвестиции, туку се затворале и работни места. “Гледам дека ова со странските инвестиции доста ве мачи и треба да ве мачи. Пред седум години коментарите беа “Види ова ливади се, ништо нема“, сега кога видовте дека не се зелени ливади дека и дека има нешто, ама чекај сега колку кошта ова. Се во животот кошта нешто. Вие прашувате колку чини едно работно место, тоа е еден сегмент од вкупната приказна. Кажете ми колку на Македонија и вреди тоа што има трговски суфицит со Германија и тоа е резултат на таа политика на Владата за формирањето на слободните зони и извозот на автомобилски делови од тие зони. Што треба да биде Македонија, како од времето на СДСМ да извезуваме само земјоделски производи и суровини? Не. Треба да извезуваме готови производи како од Џонсон Мети и Дрекслмајер“  – рече министерот Ставрески и оцени дека опозицијата била нервозна зошто Македонија станала препознатлива според политиката за привлекување на странски инвестиции. “Ви пречи тоа што Македонија стана препознатлива во Европа и во светот, дојдете со нас кога сакате на роуд-шоуа и да видите како се зборува за Македонија. Вие ќе сте горди, независно што сте опозиција и колку и да ви паѓа тешко тоа. Слушнете што зборуваат странските иневститори, не мора нас да не слушате, еве ние пристрасни сме, но одете да разговарате со директорот на Џонсон Мети или на Кемет“, му рече министерот на пратеникот Андонов. Тој пак  повторно го праша: “Не ми одговоривте на прашањето колку чини едно работно место во слободните економски зони, Вие не  кажувате и тоа е нетранспарентност, тоа е завиеност“, изјави пратеникот Андонов. Развоен, изборен, чоколаден Буџет ... Според новите буџетски позиции, догодина растот на БДП ќе изнесува 4%, главно генериран од заголемена јавна потрошувачка и раст на бруто инвестициите за 7,5%. Во 2016 та Владата планира да потроши 3,2 милијарди евра, ниво кое е највисоко досега. marjanco nikolov„Тоа чоколадо коешто сакате да го соберете во форма на буџетот за 2016 година не можат да го зготват ниту граѓаните, ниту стопанството, меѓутоа вие го имате волшебното стапче или состојка којашто се вика земи си кредит. Затоа буџетот за 2016 година е нереален, неразвоен, буџет којшто длабоко ја пика раката на владата во џебот на граѓаните за да извлече што повеќе пари, длабоко ја пика раката во сметките на компаниите за да им земе што повеќе пари“, изјави пратеникот од СДСМ, Марјанчо Николов.   Новиот Буџет е развоен, со досега најголема стапка на капитални инвестиции кои ќе бидат значајни за вкупната економија, изјави министерот за финансии. Ќе има повеќе пари за социјала и за пензии. “Ќе се продолжи со политиките за грижа за социјално ранливите категории, пред се на примателите на социјална помош и пензионерите, како и земјоделците за коишто во буџетот за 2016 година се предвидени повисоки износи на средства и нови зголемувања на социјалната помош и на пензиите“, изјави  министерот Ставрески. stavreskiСпоред податоците од Министерството за финансии,  оваа година ќе се заврши со  добра ликвидност на буџетот и навремено и редовно сервисирање на сите обврски од буџетот, со што ќе се создаде добра основа и 2016 година да започне со добра буџетска позиција, особено како што рече Ставрески, основа за да се остварри проекцијата според која буџетскиот дефицит ќе се намали од 3,6 на 3,2 проценти од БДП. Дефицитот, како што е посочено во предлог-Буџетот 2016,  ќе се финансира во комбинација на домашни и странски извори, односно издавање еврообврзница во следниот период, а на домашниот пазар ќе се оди на продолжување на рочноста на хартиите од вредност. До година, вкупните расходи се проектирани на  скоро 3,2 милијарди  и тие се за 4,7 проценти повисоки од годинашните, а вкупните приходи се проектирани на 2,9 милијарди евра и кај нив има зголемување за 6 проценти во однос на 2015 година. Во 2016 та година, по основ на даночни приходи во државната каса треба да се слеат  1,6 милијарди евра и се очекува да имаат раст од 6,5 проценти во однос на 2015 година. Приходите од социјалните приднеси се димензионирани на ниво од скоро 800 милиони евра или за 4,2 проценти повеќе од оваа година. За патна инфраструктура во 2016 година, како што информираше министерот  Ставрески, е предвидено да се вложат 243,3 милиони евра. До година само за плати на буџетарите ќе се потрошат 421,2 милиони евра а за стоки и услуги 321,4 милиони евра. Опозиционерите од СДСМ веќе најавија дека нема да го поддржат предложениот Буџет. Според опозиционерите од ДПА, и новиот буџет е антиалбански и дискриминаторски. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа