Бучковски вели дека со Бугарија бевме блиску до наоѓање на решение
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2022
Eкс специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски изјави дека бевме блиску до решение со Бугарија кон крајот на 2020 година.
Вели дека иако повеќе не е вклучен во процесот на дијалог, но ќе се обиде да испрати порака ако е потребно.
„Тоа беше пред Новата година 2021. Бевме блиску до ставовите со либералниот дел од бугарската влада и тогаш беше планот 5+1. Енигма остана зошто спласна ентузијазмот од наша страна пред изборите кај нас“, изјави Бучковски во емисијата „Само интервју“.