19 Мај, 2024
0.0370

Бучковски: И во Бугарија се исплашија од договорот за добрососедство

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски предупреди дека повторно има будење на силите што во времето на комунизмот и социјализмот ја оддалечиле Македонија од Бугарија, и тие сили се обидуваат да го отежнат договорот за добрососедство и да ја тргнат нашата земја од европскиот колосек, пренесува Бнр.бг,

– Очигледно е приближувањето на Македонија кон почнување преговори со ЕУ, а извесно е членството во НАТО и тоа предизвикува да се разбудат силите коишто сакаат на Балканот повторно да има дестабилизација. Тие сили се плашат од сојузот и големата коалиција што ја создадоа сегашните раководства на Македонија и Бугарија на патот кон ЕУ – изјави Бучковски.

Професорот појаснува дека таквата состојба е плодно тло за дневнополитички игри и предупреди дека такви сили постојат и во Бугарија, кои сакаат да не се реализира договорот за добрососедство.

– Очигледно е дека во Македонија има тенденции одново да се разбудат антибугарските сили коишпто изгледаат нервозни поради приближувањето на двата братски народа. Но, од друга страна, имам чувство дека и во Бугарија дел од политичарите се исплашија од договорот и од приближувањето на двете страни, затоа што ќе биде затворено македонското прашање и ќе мора да се фокусираат на секојдневните проблеми во општеството. Јас сум убеден дека ние треба да бидеме сојузници и како Македонец мислам дека немаме поголем пријател од Бугарија и бугарскиот народ. Тоа очигледно некому му пречи и во Скопје и во Софија – вели Бучковски.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места