Бројот на оздравени надмина 10.000 лица
Објавено во: Македонија 22 Август, 2020
Бројот на оздравени пациенти во земјава надмина 10.000. Во моментов оздравени се точно 10.052 пациенти
„Тоа се наши деца, родители, пријатели, баби и дедовци. Тоа се личности кои се вратија на секојдневните животни активности. Изминативе неколку недели бележиме зголемување на бројката на оздравени лица од коронавирус, а се намалува и бројот на активни. Само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Да носиме заштитна маска, да одржуваме физичка дистанца, и редовно да ги миеме рацете. Нема ништо поважно од здравјето и човечкиот живот, вели министерот Венко Филипче.