15 Мај, 2024
0.0246

„Бројчаникот“ на Заев не го претвора во пари конфискуваниот имот

Објавено во: Економија 04 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

„Бројчаникот“ на Заев конфискува недвижнини преку Агенцијата за одземен имот, но тешко ги претвора во пари. Ова го констатира независниот ревизор во својот извештај објавен на средината од октомври годинава.

Минатата година Агенцијата запленила недвижен имот во вредност од 691.784.530 денари, што е многу подобар резултат од 225.331.841 денари во 2018, но не успеала тоа да го материјализира во финансиски средства затоа што поголемиот дел од имотот бил под хипотеки кај деловните банки.

„Исто така, со увид во имотните листови, утврдивме дека голем дел од конфискуваните недвижности стекнати со правосилна судска пресуда, се оптоварени со хипотеки, поради што се оневозможува правото на располагање и продажба на истите. Поради наведеното, не ја потврдуваме вредноста на конфискуваниот недвижен имот на 31 декември 2019 година“, констатира независниот ревизор.

Агенцијата е обврзана парите добиени од продажба на недвижен имот и продажба на средства одземени со правосилна одлука, да ги уплатува во буџетот на државата, меѓутоа но во законот не е прецизиран рок до кога овие приходи треба да бидат уплатени поради што доаѓа до кумулирање на остварениот вишок на приходи од 39,78 милиони денари до 31 декември 2019 година.

„Во овој износ се вклучени 35.398.073 денари блокирани средства по Одлука на Влада од 2016 година. Имено, во Агенцијата сеуште се очекува да биде добиена пресуда од Основен суд Струмица од 03.02.2015 со клаузула за правосилност и извршност односно второстепена постапка, со добиени детални инструкции за исплатата на овие средства“, забележува меѓудругото ревизорот.

Според тоа, пренесен е вишок од 49,2 милиони денари од една година претходно како пари кои се уште не се исплатени во буџетот. Покрај ова, наплатени се 8,66 милиони денари од продажби на конфискувани стоки и 17 милиони денари како приходи од одземени средства.

Според интерниот извештај на Агенцијата, најголем дел од годишната конфискација завзема недвижниот имот од правосилно осудените, пред се на градежната компанија „Трансмет“, од кого се одземени 19 недвижнини минатата година. Станува збор за две во катарската парцела Долно Водно, две во Карпош, две во Ѓорче Петров и една во Центар и Гази Баба, а ги има и во Драчево, Чучер Сандево, Ќојлија, Попоец, Никиштани и Лавчани. Покрај оние на „Трансмет“ на осудениот бизнисмен Сеад Кочан, одземени се уште три други недвижнини..

Според проценките на правосилните пресуди, овој имот вреди 466.452.889 денари. За овие недвижнини официјална проценка требало да изврши Бирото за судски вештачења за да може да се спроведе постапка на продажба, велат од таму.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?