01 Мај, 2024
0.0243

ФОТО: Бродот „Queen Elizabeth“луксузен хотел со 500 соби

Објавено во: Стил 18 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

„Queen Elizabeth“, еден од најпопуларните бродови во светот од минатиот век на 17 јануари пристигна во Дубаи. Со цел да биде реновиран од страна на познатата компанија   „Ocean Group“и пренаменет во луксузен хотел, а подготовката ќе трае 18 месеци, пишува во соопштението. Бродот кој е изграден во 1969 годнина компанијата „Dubai World“ го купила  во 2007 година од британската компанија „Cunard Line“ за 81 милион долари.  „Queen Elizabeth“ е повлечен е од употреба во 2008 година, долг е 293,5 метри и тежок 70 илјади тони, превезувал 1800 патници и имал илјада членови на екипажот. До 1987 година, кога ги добил дизел моторите, бил последниот линиски брод со погон на пареа. Првобитната намена му била превоз на патници преку Атлантикот, а пред крај на активната служба станал брод за туристички крстарења ширум светот.