17 Мај, 2024
0.0323

Бритиш Телеком ќе ја укине dial-up конекцијата

Објавено во: Стил 02 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Најголемата телекомуникациска компанија, Бритиш Телеком го укинува пристапот на интернет преку dial-up конекции. Овој потег, од компанијата, го објаснуваат со се поголемиот дел од корисниците во Велика Британија кои имаат пристап до широкопојасен интернет. Од ваквата одлука биле изненадени жителите на оддалечените и руралните делови на земјата кои dial-up конекцијата ја користат како единствена за интернет. Пред само две години бројот на корисници кои користат dial-up врска во Велика британија бил 800.000, a сега тој број е околу илјада.