Добивај вести на Viber
Британската Влада денеска објави ново соопштение на
својата интернет страница на која ги советува британските граѓани при патувањата во странство, посветено на состојбата во Македонија.
Во соопштението се нагласува дека во текот на месец јули во Скопје и во повеќе други градови низ Македонија (особено во северо-западните делови) се најавени протести.
„Проверувајте ги локалните медиуми за да избегнете можни протести“, ги советува британската Влада своите граѓани.
Особено внимание се препорачува доколку се патува во северните и западните погранични региони. Дополнително, се нагласува дека во земјава постои нагласена закана од тероризам.
Во Македонија присутни се и болести кои ги пренесува комарец, како Западно-нилска треска, се додава во соопштението.
„Сепак, повеќето посети во Македонија се непроблематични. Повремените акти на насилство и криминал генерално не се насочени кон странските гости“, стои во соопштението од британската Влада, објавено во моменти кога Македонија очекува британски туристи за летните месеци.