14 Мај, 2024
0.0245

Британија нема пари за го плати „разводот“ од ЕУ?

Објавено во: Свет 03 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Британија нема пари да плати за излез од ЕУ. 

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави во Лондон дека Велика Британија ќе и го плати на ЕУ она што според законот е коректно, но дека нема да плати толку колку што бара Унијата.

Во интервју за британската Ај-Ти-Ви телевизија, Дејвис вели дека Велика Британија ги испитува сите права и обврски што ги има кон ЕУ, но не се впушта во изнесување бројки околу цената на „разводот“ со Унијата, забележувајќи му на Брисел дека во овој период пред почетокот на преговорите, се однесува „тврдо“.

„Ништо засега не може да се каже колкав ќе биде крајниот износ, зашто, сепак станува збор за преговори. Различни бројки се споменуваат, дури и 100 милијарди евра, но толку сигурно нема да платиме“ - вели Дејвис.

Претходно, европските и британските медиуми споменуваа износи меѓу 50 и 60 милијарди евра, но најновата бројка од 100 милијарди првпат ја спомена лондонски „Фајненшл Тајмс“ врз основа на најновите проценки и економски анализи.

Весникот тврди дека прашањето за конечната сметка за „разводот“ на Брисел и Лондон, сигурно ќе биде најтешко во преговарачкиот процес и навестува дека одделни земји членки на ЕУ би можеле да постават дополнителни свои сметки што би ја зголемила конечната цена.

Франција и Полска би можеле да побараат од Велика Британја да ги врати средствата за субвенции што од фондовите за аграрот на ЕУ се префрлени на британските фармери, а Унијата би можела да не прифати Лондон да учествува во распределбата на европскиот имот, вклучувајќи ги зградите на ЕУ и банкарските депозити.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи