БРИТАНЦИТЕ ЗАТВОРААТ ВРАТИ НА ЕУ ЗАД СЕБЕ: Уште една шок одлука на Тереза Меј
Објавено во: Свет 20 Април, 2017
Премиерката на Британија Тереза Меј ќе направи официјално барање во пресрет на парламентарни избори на 8 јуни да се заврши слободното движење на луѓето од Европската унија во Британија.
Меј во својот изборен манифест ветила и дека Британија ќе се повлече од единствениот пазар на ЕУ и од Европскиот суд на правда.
Таа во вторникот донела неочекувана одлука да свика вонредни парламентарни избори за 8 јуни оваа година иако редовно требало да бидат одржани во 2020 година.