Британци во Скопје украле такси возило, па удриле во банкина
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2022
Тинејџери од Велика Британија направиле хаос во Скопје. Одзеле такси возило, па удриле во банкина.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба денеска во 05:45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“, ги уапсиле Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија. Околу 01:50 часот тие одзеле такси возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба. Приведени се во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.