07 Мај, 2024
0.0290

БРИКС – наспроти САД и ЕУ

Објавено во: Економија, Колумни 18 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Русија кон крајот на минатата недела беше домаќин на еден светски собир, кој како да беше демант дека таа земја е во меѓународна изолација. Рускиот претседател Владимир Путин практично демонстрираше дека ако САД и Европа не го „играат“, тој може да биде домаќин на државите од Иднината. И дека повеќеполарниот свет се повеќе е ралност, му се допаѓалотоа некому или не. Во Башкирија, република во состав на Руската Федерација, расположена на јужните падини на Урал, во главниот град Уфа, се одржа Самит на земјите членки на БРИКС и на Шангајската организација за соработка (ШОС), како и претставници на Евроазискиот сојуз. Малкумина чуле за овој град и тешко би го нашле на географските карти, но од минатиот викенд тој ќе биде познат по Уфинската декларација на БРИКС, по Стратегијата за економско партнерство на БРИКС, како и  повеќе други документи усвоени на тој самит. Исто така и по Самитот на ШОС на кој за прв пат, освен основачите Русија, Кина, Казахстан, Таџикистан, Киргизија и Узбекистан се појавија Индија и Пакистан, кои станаа рамноправни членки. Уште неколку други држави од Азија и од поранешниот СССР најавуваат интерес за се вклучат кон оваа група. На прв поглед станува збор за чуден спој на држави, но очигледно нивните интереси ги надминуваат долгогодишните спорови меѓу нив, а собрани на едно место имаат можност за нив да разговараат и на заедничка маса, а не само преку нишаните на оружјето. Организацијата БРИКС – е платформа за развој на дијалог и соработка меѓу државите членки – Бразил Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Тие земји претставуваат 30 отсто од копното на земјината топка, 43 проценти од населението, 21 процент од светскиот бруто домашен производ, 17,3 проценети од светската трговија со стоки, 12, 7 проценети од светската трговија со услуги и 45 процнети од светското земјоделско производство.  Очигледно, БРИКС игра важна улога во светската економија. Не само во поглед на вкупниот обем на производство, добивање на инвестициски капитал и ширење на пазарите за потрошувачка, туку се јавува и како движечка сила во воспоставувањето на глобалната економија. Станува збор за појавување на нова паралелна незападна економска архитектура. На завршната прес конференција претседателот на Русија изјави дека со практична работа почнуваат Новата банка за развој на БРИКС и Пулот на условни девизни резреви, со вкупен капитал од 200 милијарди долари, по 100 милијарди во секој посебно. Овие финансиски институти ќе им служат на своите основачи за реализација на разни проекти, но и за евентуални финансиски интервенции доколку некоја од шленките се најде во криза. Ако се има предвид дека годинава, на идеја на Кина, која е и најголем акционер, беше формирана и Азиската банка за инфраструктурни инвестиции, тогаш на повидок е јавување на нови институции, кои можат да го намалат вилјанието на ММФ и Светската банка. Во оваа насока мошне индикативен е еден став од Декларацијата усвоена на Самитот на БРИКС во Уфа. Во неа се вели: -Ние сме разочарани од фактот што САД и натаму не го ратификуваа пакетот реформи на ММФ усвоен во 2010 година. Тоа ја подрива довербата кон Фондот, неговата легитимност и ефикасност. Тоа го спречува зголемувањето на количеството на квоти на Фондот и преиспитување на квотите и гласовите во полза на земјите во развој и земјите со развиени пазари, како што беше договорено со огромно мнозинство на членовите, вклучувајќи ги и САД, во 2010 година. Очекуваме дека до средината на септември годинава САД ќе ги ратификуваат тие реформи, како што е договорено со ММФ. Некои експерти се согласни дека за појавата на новата економска архитектура делумно се виновни САД и Европската Унија. И покрај незадоволството на БРИКС, САД и Европа не им дозволуваат управувањето со ММФ да им биде достапно и на тие земји во согласност со нивната економска тежина во светот. Па така, бразилската економија, која е поголема опд белгиската пет пати, има помалку акции со право на глас од Белгија. Или КИна има акции кои сочинуваат 60 проценти од Јапонските, а Кина уште во 2010 година ја надмина јапонската економија и сега е со 12 проценти од светскиот БДП. Распределбата на правата на глас во ММФ се определува согласно големината на БДП на земјата и некои други показатели за макроекономската политика. Бидејќи за носење на одлуки или за политики на ММФ е неопходен консензус од 85 проценти од гласовите, а САД имаат 17 проценти од таквите гласови, тогаш тие можат да ставаат вето на мерките секогаш кога тоа не ќе им биде по волја. Оттука и заклучокот дека таквата реформа негативно ќе се одрази на европските позиции, а САД ќе немаат право на вето, што значи дека таа однпред е осудена на несупех. Но да ја почекаме средината на септември. Самитот на БРИКС е повод и да се постават и некои прашања. На пример дека во моментов некои земји членки се соочуваат со големи економски проблеми. Бразил има и политички. Русија е под санкции кои водат кон рецесија, а  во Кина е забележан пад на пазарот на фондовите. И дали БРИКС од платформа ќе прерасне во меѓународна организација. Путин, во одговор на овие прашања вели дека криза има насекаде, па дури и во САД. Според него проблемите се надминливи и во Бразил и во Кина, а во Русија, според него, и покрај тешкотиите, сочувани се резервите, има прифатлив курс на рублјата и позитивно салдо на трговската размена. Што се однесува до тоа дали ќе стане БРИКС меѓународна организација, Путин вели дека веќе има банка, дека има пул, идека тоа се некои инструменти за заедничка работа, па оттука засега нема потреба од создавање на бирократски структури. Според него, Русија се подготвува да воведе своја национална платежна картичка, како што имаат Јапонија и Кина. За многумина веќеспоменатите самити претставуваат голема игра која ја води Путин со цел да ги зацврсти односите со Кина. Во минатото, 19. век, Велика Британија и Русија биле големи ривали околу тоа кој ќе ги контролира Авганистан и Централна Азија. Американскиот генерал Џозеф Данфорд, кандидат за претседател на Комитетот на началниците на штабовите на вооружените сили на САД, неодамна во американскиот сенат ги означи Русија и Кина како главни непријатели, број еден и два на САД. Белиот дом подоцна изјави дека тоа е само негов личен став, а не и официјално американски. Но развојот на настаните во регионот зборува дека сега во тек е голема игра, во која од една страна се САД и НАТО, а од друга Русија и Кина во рамките на ШОС. Не треба да се заборави и книгата на Збигњев Бжежински, „Големата шаховска табла“, во која беше разработена идејата дека САД треба да загосподарат со Средна Азија по секоја цена. Наоѓајќи се во „стомакот на Русија“, според Бжежински, САД ќе доминираат во светот и дека главна геополитичка награда за САД е токму Евроазија. А кој би бил одговорот, ако утре, и Кина сака да се вклучи во Евроазискиот сојуз, кој е многу повеќе од БРИКС и ШОС? Целта на Евроазискиот сојуз е создавање на единствено трговско пространство од Белорусија до Киргизија, а паралелно Кина има намера да го продолжи својот нов „Пат на свилата“ во 21. век, а кој предвидува изградба на огромни инфраструктурни објекти од Средна и Јужна Азија до источните граници на Европската Унија. Сето ова дава поводи и за други размислувања околу развојот на односите во Средна Азија и на азискиот потконтинент (Кин, Индија, Пакистан). Дали веќе не може да се зборува дека во центарот на Средна Азија се слеваат меѓународните политички и економски состојби. Впрочем, САД не се повлекоа од Авганистан. Сега се договорија со Иран. Сето тоа е предизвик на Русија. Таа како да нема друг избор, освен да станува се позависна од Кина. Тоа се гледа и од нејзинте практични потези кои водат кон птесна соработка со Кина во областа на енергетиката, одбраната, но и фактот дека веќе сега на кинеска компанија и се дадени под наем стотици илјади хектари обработливо земјиште на руска територија. Може да се каже дека се прави спој меѓу оружјето и финансиите. Русија има оружје, а Кина има пари. Сите знаат дека брак од интерес е поцврст од брак од љубов. За крај и мислењето на Џим О’Нил, поранешниот претседател на Goldman Sachs Asset Management International, кој е и творец на кратенката БРИК во 2001 година, кога Бразил Русија,Индија и Кина имаа стапки на развој, од 4 проценти во Бразил и Кина, до 8,4 и 10 проценти во Кина и Русија. Според Џим О’Нил Индија, според темпото на раст ќе ја надмине Кина во втората половина на десетлетјето. А БРИКС во наредните две години ќе имаат поголем БДП од САД. Тој е разочаран од Русија и Бразил поради лошите резултати и ги повикува кон итни реформи за да се врата на старата патека. Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

КАКО СЕ ПРАВИ ЧИСТ ПРОФИТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САМО ТРИ МЕСЕЦИ - рецептот го има прилепска компанија со странски газди

КАКО СЕ ПРАВИ ЧИСТ ПРОФИТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САМО ТРИ МЕСЕЦИ - рецептот го има прилепска компанија со странски газди

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји