18 Мај, 2024
0.0276

БРЕГЗИТ ГИ НАТЕРА: Британците бараат европски пасоши-посебно Бугарски!

Објавено во: Балкан, Свет 23 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Британците изгледа брзаат да го задржат слободниот пристап до Европската унија.

Агенцијата Bloomberg се поврзала со претставници на 16 амбасади и дипломатски претставништва во Лондон, меѓу кои и на Бугарија. Сите тие имаат бележат зголемување на бројот на кандидатите за пасоши или истраги за државјанство во двата месеци по гласањето на Велика Британија за излез од ЕУ.

Се посилната побарувачката значи дека Британците се обидуваат да го обезбедат правото на слободно патување и работа во ЕУ, со оглед на неизвесноста за идниот статус по Брегзит, пишува Bloomberg.

„Гледаме силен скок како на пребарувања, така и на барањата“, вели Јохан Допш, аташе во Австриската амбасада. „Во првите денови по референдумот истраги по телефон и преку е-мејл пораснале до над 100 на ден“. Австрија забележа речиси двојно зголемување на барањата за пасоши или лични карти во јули во однос на истиот месец од 2015 година.

Неделиот број на барања за државјанство во Шведската амбасада пораснал седум пати во периодот околу референдумот на 23 јуни, достигнувајќи врв од 150 во самата недела околу него пред приливот да ослаби во текот на летото.

Полската амбасада обично добива во просек по 100 барања за државјанство на година, но веќе има добиено 111 само во првата половина на 2016 година .По референдумот добиле речиси 600 барања за државјанство.

Конзуларниот оддел на Холандската амбасада добил 10 пати повеќе од вообичаениот број барања во првиот месец по британското гласање, макар потоа прашањата се стабилизирале на ниво околу два пати над вообичаениот обем.

Ирска, најповрзаната држава со Британија, соопшти во август дека бележи 17% зголемување на барањата за државјанство.

Финската амбасада предвиде зголемување на барањата за пасош со околу 100 барања во споредба со претходните лета.

На сајтот на германската амбасада пак е објавено предупредување дека се чека подолго поради „значително зголемување“ на бројот на апликации.

Од португалската амбасада велат дека има зголемување на барањата за португалско државјанство, но нема раст на реалните барања последователно.

Претставници на дипломатските служби на Чешка, Хрватска и Грција, исто така потврдуваат зголемен интерес, како и од Словенија, Словачка и Латвија. Неколку источноевропски членки на ЕУ велат дека интересот е зголемен, откако претходно практично бил речиси нула, а многу од кандидатите ги засноваат барањето на своето потекло од овие држави.

Унгарската конзуларна служба известува дека добила 220 барања поврзани со државјанство од страна на Британците по 23 јуни во однос на помалку од 10 во првата половина на годината.

Естонија предвиде „изразен“ раст на барања за пасоши, а во Литванија има зголемување до 34 по референдумот, додека обично бројот е 1-2 месечно.

Со бугарската амбасада се поврзале 30 Британци, кои се заинтересирани за државјанство, што е зголемување во однос на поранешниот интерес. „Обично не добивавме такви барања од британски државјани, па овој тренд започна по референдумот“, коментира вториот секретар во соседната амбасада Цветан Спасов.

Меган Бентон, виш аналитичар во Институтот за имиграциски политики во Вашингтон, коментира дека има две групи кандидати за државјанство на земја од ЕУ. Првата е на луѓето кои редовно го користат своето право на слободно движење во заедницата поради лични или службени причини.

„Втората група е интересната - тоа се луѓето кои го сакаат богатството на европското државјанство, луѓе кои може и никогаш да не активирале слобода на движење. Тие веројатно се чувствуваат измамени, не сакаат да ги загубат своите права“, коментира таа.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел