05 Мај, 2024
0.0216

„Брат ми остануваше без патики, за да можат родителите да ми купат копачки“: Животниот пат на овој српски фудбалер не бил лесен

Објавено во: Спорт 28 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Александар Митровиќ е еден од најдобрите српски фудбалери, а малкумина ја знаат неговата животна приказна

Александар Митровиќ моментално е еден од најдобрите српски фудбалери, кој доживува големи моменти во кариерата. Миленикот на српската нација постигна огромен успех, но малкумина знаат каква е неговата животна приказна.

Александар е родум од Смедерево, а неговиот пат до успехот не бил нималку лесен. Митровиќ во интервју за „Информер“ ја отвори душата и зборуваше за неговото детство во Смедерево, првите фудбалски чекори и тешките моменти низ кои поминал во кариерата.


- Пораснав во нормално, работничко семејство. Моите баба и дедо многу се грижеа за мене и за брат ми бидејќи мајка ми и татко ми работеа многу. Кога одеа прва смена, стануваа во четири наутро да одат на работа. Тато беше возач, а мама кондуктер. Така се запознале. Потоа татко ми почна да работи приватно со чакал, па цел ден не беше дома – открил.


- Без разлика на многуте обврски, секогаш наоѓаа време да учат со нас или да ме возат од Смедерево до Белград на тренинг. Шест пати неделно. Пред или после училиште, во зависност од тоа во која смена бев, ме чекаа да ме однесат на тренинг и да ме вратат дома. Имав време само за училиште и фудбал, а тие само за работа и моите тренинзи. Така патувавме од девет до четиринаесет години. Потоа се преселив во Белград - вели Митровиќ и додава дека е пресреќен што денес може да им обезбеди се‘ што им треба:

- Се откажаа од се‘ за да можам да ги остварам моите соништа, за да можам да го работам тоа што го сакам. Мојот брат исто така мораше многу пати да се жртвува. На пример, се случуваше да немаме пари и да не му се купат нови патики или маичка нему, за да имаат пари да купат копачки или штитници за мене. Секако, среќен сум што успеав, но многу повеќе сакам тоа да се случи поради сите нив, кои со години се ставаа во втор план за да можам да одам кон моите цели. Мило ми е што денес можам да им дадам повеќе.


Кога ја земал првата плата, младиот Александар сето тоа го потрошил на гардероба.

- Од првата плата отидов во трговскиот центар и купив неколку исти маици во различни бои. Тогаш зедов сè. Воопшто не размислував. Желни сте, па сакате да исполните некои каприци. Но брзо ти поминува – заклучил Александар.


Фото: Инстаграм

Извор: стилкурир

Фото насловна: Youtube - screenshoot