05 Мај, 2024
0.1281

„Брако“ до ВМРО-ДПМНЕ: Единствени сме што произведуваме поцинкувана жица во земјава

Објавено во: Економија 04 Август, 2018

Добивај вести на Viber


Брако е единствена македонска компанија што произведува поцинкувани ажица во земјата. Тендерот е добиен како резултат на добрата цена и фактот дека само Брако произведува ваков тип жица. Со оглед на тоа дека неколкупати досега сме предмет на прозивања од страна на опозициската ВМРО - ДПМНЕ, сакавме јавно да прашаме дали оваа партија сака да го фаворизира домашното производство или заговара увоз наместо раст на домашните компании, вели компанијата „Брако“ како одговор на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека претпријатието во кое има удел и вицепремиерот Кочо Анѓушев склучило договор за тендер од помалку од 40.000 евра.

- Јавно се откажавме од сите грантови на државата, од сите тендери за трговија каде јасно кажавме дека нема да учествуваме, но во овој сегмент, поцинкувана жица и мрежа сме единствени и најконкурентни во регионот. Секоја друга понуда е далеку поскапа од нашата, а квалитетот е неспоредлив. Го прашуваме ВМРО - ДПМНЕ дали тендерот треба да го добие посредничка фирма со повисока цена и тоа на штета на македонска фирма и најважно од се на штета на државна институција? Во тој случај ќе се наштети на буџетот на државата бидејќи секој денар плус значи неодговорно трошење на средствата - велат од „Брако“.

Од таму тврдат дека Анѓушев е малцински сопственик, а претпријатието дека нема да егзистира ако не конкурира.

- Ние како компанија сме подготвени за секое сценарио, свесни дека еден од нашите сопственици е Вицепримиер, кој всушност е малцински сопственик. Поставуваме прашање дали не треба да се јавуваме на тендери за производи на кои само ние ги произведуваме тие производи и имаме најдобра цена и секако дали со нашето повлекување ќе се нанесе штета и на државната институција и на нас како компанија, онаму каде сме најконкурентни со цена - прашуваат од таму.

Инаку „Брако“ е лидер во регионот на производство на жичени производи со 96% извоз во 21 држава. Компанијата е пример како една македонска фирма може да се развива и да расте постојано. Брако има голем број странски партнери, големи проекти во светот како што е производство на првите камиони во земјава и своето производство постојано го прошируваме.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години