15 Мај, 2024
0.0279

Божидар Димитров со тешка провокација за името на Македонија

Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Бугарскиот контроверзен политичар и историчар Божидар Димитров повторно даде провокативна изјава овој пат за неговата идеја како треба да се вика Република Македонија. Ако треба да зборуваме отворено, вистинското име на Македонија треба да биде југозападна Бугарија. Ова го изјави директорот на Националниот историски музеј (НМИ) проф. Божидар Димитров во врска со евентуалната промена на името на Македонија, пренесува „новини.бг“.

- Предлагам историска референца за имињата кои ги носела територијата на денешна Република Македонија од антиката наваму. И така во антиката Македонија источно од Вардар го носела името Пеонија по името на племето Пеони кое живеело таму. Во Западна Македонија живеел и друг антички народ – Илири. Се тврди дека државата им се нарекувала Илирида или Дарданија. По создавањето на бугарската држава во македонската земја во 681 година од Хан Кубер нејзиното име беше Бугарија. Тоа често доведува до забуна за информациите кои се објавени од византиските хроничари за воени дејствија меѓу Бугарија и Византија. Тие се препишуваат на Дунавска Бугарија, иако изгледаат невозможни. Така во 688 година бугарски војници незабележано требало да тргнат од Стара Планина, да дојдат во околината на Серес и таму да ги разбијат византиските војски. Очигледно тоа е невозможно. По пристапувањето на оваа Втора бугарска држава кон Дунавска Бугарија, што според македонските археолози, како проф. Иван Никулчич станало во времето на Хан Крум во 812 – 813 година, а според наши археолози и историчари во времето на Хан Персивал во 837 година, овој дел на бугарските земји носел различни имиња. Во различни хроники се забележуваат имињата Долна Земја, Долна Мизија, Кутмичевица. Кога во 1018 година таа територија ја окупираат византиските војници и ја претвораат во административна област, која се нарекува тема ( “тема” е област) Бугарија.

Тема Македонија исто така има, и таа е во Источна Тракија, од Едрене до Константинопол. Во првите векови на османлиското владеење оваа земја продолжува да се нарекува Бугарија и од Турците и од странските автори. Крале Марко, кој е Србин, се нарекува бугарски крал, едноставно затоа што населението на државата му е бугарско. Дури во XVIII – XIX век европските хуманисти го враќаат античкото име Македонија и на овие простори. Нејзините граници се дефинирани сосема случајно. Така за источна граница на Македонија се прифаќа реката Места, која во Гоцеделчевската долина е широка десетина метри. Дали некој сериозно смета дека во селото на десниот брег на реката живеат Македонци, а на левиот брег на десет метри растојание – Бугари. Смешно, тврди Димитров.


Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот